Зидан: Бејл останува во Реал Мадрид

Реал Мадрид како гостин си 3:1 ја совлада Селта Виго, а Герет Бејл го започна натпреварот од првата минута и беше асистент на првиот гол кој го постигна  Карим Бензема, додека во текот на целиот натпревар претставуваше вистинска закана по голот на противникот.

Иако во текот на летото постојано зборуваше дека очекува Бејл да си замине и дека нема иднина на „Сантијаго Бернабеу“, Зидан сега го промени мислењето.

– Бејл останува во Реал Мадрид и мора на тоа на гледаме како позитивна работа. Мораме да се фокусираме на оваа сезона и на ништо друго. Немавме среќа кога се повреди Азар, но тоа не ги промени нашите планови за Бејл на овој натпревар – изјави Зидан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот