Зидан: Бејл доби дозвола од клубот да оди!

twitter.com/THEBEAT999FM

Бејл доживеа повреда во текот на репрезентативната пауза. Велшкиот интернационалец оттогаш не играше за Реал Мадрид, а од Мадрид не објавија што се случува со Герет.

– Многу околу тоа се зборува. Тој се труди, тренира, но не може да игра. Точка. Хаос се прави, бидејќи многу околу тоа се зборува, но кога е целосно подготвен, потоа знаете за каков играч станува збор – рече Зидан.

Во меѓувреме Бејл замина во Лондон, францускиот стратег истакна дека играчот доби дозвола од клубот да оди, а причините се лични.

На прашање колкави се шансите Велшанецот да го напушти „кралскиот“ клуб, Зизу одговори:

– Никогаш не зборувал за можноста да го напушти тимот. Кога ќе добие шанса за настап, ќе игра. Тој е важен играч за овој клуб – додаде Зидан.

Реал в среда ќе го игра натпреварот од 11. коло во шпанската „Ла Лига“ против екипата на Легањес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот