Зидан бара уште две засилувања од Перез

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, сака да го засили средниот ред за новата сезона во која ќе ги нападне трофеите во Шпанија и во Лигата на шампионите. Францизинот моментно ги има Лука Модриќ, Каземиро, Тони Крос и младиот Федерико Валверде кои можат да играт на неколку позиции во средниот ред, но од претседателот Флорентино Перез побара уште две врвни засилувања.

Прво име на листата на желбина Зидан, нормално е Пол Погба кој уште на првиот ден од подготовките на Манчестер јунајтед направи инцидент, а втората желба е играчот на Ајакс, Дони ван де Бек.

„Желбата на Ван де Бек е да потпише за Реал Мадрид иако го бараат и екипи како Јувентус и ПСЖ“, пишува „Газета дело Спорт“ која тврди дека прашање на денови е која Холанѓанецот ќе стави потпис на договорот со Реал Мадрид.

Реал официјално понуди 50 милиони евра за Ван де Бек, Ајакс бара 15 милиони повеќе, но за очекување е да се дојде до договор до крајот на преодниот рок.

Реал Мадрид досега потроши 303 милиони евра на засилувања, нови „кралеви“ станаа Еден Азар, Лука Јовиќ, Едер Милитао, Родриго, Ферлан Менди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот