Зибери во интервју за „Слободна ТВ“: Предрасудата дека Албанец како приоритет ќе ги има правата на Албанците е дезавуирана теза (ВИДЕО)

Насер Зибери / фото: МИА

-Јас сум сведок дека многу од прашањата кои ние тогаш ги покренувавме сега веќе се апсорбирани. И оттука предрасудата дека Албанец може како приоритет во примената на политиката да ги има правата на Албанците е дезавуирана теза, бидејќи многу, да не речам 99 % од тие прашања се апсорбирани. На нас ни треба, да, Албанец, но не Албанец кој ќе се грижи само за Албанците, туку пред сè за земјата пред сè за државата зошто ако тезата е обратна, со право македонскиот граѓанин, значи од македонскиот народ, од македонскиот етникум може да има не само резерва, туку и одбојност кон таквата идеја, вели во интервјуто за „Слободна ТВ“, кандидатот за премиер промовиран од ДУИ, Насер Зибери.

-Јас уште еднаш ја користам приликата преку вашиот медиум да ве убедам дека идејата е сосема спротивна – да ние се наметнеме и докажеме и пред светот и внатре, дека сме способни без оглед на припадноста, успешно без конфликти да ја водиме земјата, да ги надминеме овие поларизации и да се сплотиме во едно. Не да го губиме идентитетот како политички субјекти, па ако сакате и како етникуми, туку да се сплотиме во државниот интерес кој треба да биде над сите останати што ги спомнуваме до сега. Ако ова ни е водилката во градењето на политиката, мислам дека е правата насока. Мислам дека и Албанците треба да го прифатат, како што треба да го прифати и секој граѓанин и секој Македонец и секој Србин, Турчин, Влав, Ром, Бошњак итн.

-Значи сите треба пред сè да бидеме загрижени во каква земја живееме, дали сме безбедни, стабилни, сигурни, дали функционира системот, правната држава, просперитетот, зошто низ тие принципи ќе го оствариме и индивидуалниот па ако сакате и колективниот интерес, во спротивно ќе ги доведеме и колективните и личните и персоналните интереси во прашање. Затоа пред сè општество демократско, со демократски институции, определено да гради европски институции и општество во кое секој ќе се чувствува комотен и незагрозен, изјави во интервјуто за „Слободна ТВ“, кандидатот за премиер промовиран од ДУИ, Насер Зибери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот