Зибери: Стимулирање на младите земјоделци до 35 години, со неповратни грантови од 20.000 евра

Кандидатот на ДУИ за прв премиер албанец, Насер Зибери на денешната средба со земјоделците и фармерите од селото Грчец разговараше за нивните потреби и истовремено ги презентираше неговите заложби за развој на земјоделството и за поддршката на земјоделците.

-Владата ќе биде силен столб на поддршка за сите земјоделци и фармери во државата. Вие сте тие што со вашиот труд и вашите производи го храните народот, па затоа наша определба е со еден посебен фокус да се справуваме со сите предизвици со кои што се соочувате. Планираме годишна поддршка за овој сектор од 200 милиони евра, за модернизација на земјоделската машинерија, за инвестиции во руралната инфраструктура, за капитални инвестиции во системот за наводнување,  посочи Зибери.

Северна Македонија цели да биде членка на Европската Унија, рече Зибери и додаде дека  земјоделството ќе биде една од основните теми за време на преговорите, затоа што ЕУ земјоделството и фармерството ги приоритизира на највисокото ниво на интерес.

– Па затоа во овој сектор ќе има многу сериозни реформи, со што ќе се подобри животот за сите нас, истакна Зибери.

Тој додаде дека на неговиот мандат како премиер ќе биде посветен на создавање можности за земјоделците кои сè повеќе го напуштаат ова поле на дејствување, а како негов приоритет ќе биде стимулирањето на младите земјоделци до 35 години, со неповратни грантови од 20.000 евра.

-Поддршка исто така се планира и за малите, микро и средни земјоделски претпријатија, со цел да се олесни пласманот на нивните производи на пазарот, рече Зибери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот