Зибери: Оваа битка не можат да ја водат само здравствените работници, неопходна е помош од граѓаните

Претседателот на собраниската комисија, пратеникот од ДУИ Арбен Зибери, кој ја вршеше и функцијата директор на Центарот за јавно здравје Скопје, во Топ тема вечерва најави дека по ставањето на дневен ред на законските измени за заштита на населението од коронавирусот, веднаш ќе закаже седница на собраниската комисија за здравство.

Според Зибери, овие мерки се предлагаат врз основа на развојот на ситуацијата на терен, додавајќи дека овие решенија се предлагаат од страна на здравствени експерти, епидемиолози и виролози , стручни лица кои го имаат предвид најдобриот интерес на граѓаните.

-Факт е дека имаме голем број починати од ковид-19, но треба да се спомене и дека сме единствената земја која прави тестови кај починати лица, кај кои постмортум е направен тест за коронавирусот, кадешто имавме скоро 15 отсто позитивни, и тоа ни ја зголемува бројката на починати- вели Зибери.

Тој подвлече дека оваа ситуација не треба да се гледа од политички мотиви, оценувајќи дека и други европски држави, како Германија и Франција, преку ноќ ги менуваат мерките врз основа на ситуацијата на терен.

Оваа битка, вели тој, не можат да ја водат само здравствените работници, туку неопходна е помош од граѓаните кои мора да ги почитуваат мерките за справување со епидемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот