Зибери: 20.000 евра грантови за секој млад фермер под 35-годишна возраст

Кандидатот на ДУИ за премиер Албанец Насер Зибери, денеска го посети селото Грчец каде се сретна со земјоделците и фармерите.

„Владата ќе биде силен столб на поддршка за сите земјоделци и фармери во државата.. Планираме годишна поддршка за овој сектор од 200 милиони евра, за модернизација на земјоделската машинерија, за инвестиции во руралната инфраструктура, за капитални инвестиции во системот за наводнување итн. “- посочи Зибери.

Тој додаде дека на неговиот мандат како премиер, тој ќе биде посветен на создавање можности за земјоделците кои сè повеќе го напуштаат ова поле на дејствување, а како негов приоритет ќе биде стимулирањето на младите земјоделци до 35 години, со неповратни грантови од 20.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот