Зиадин Села ја потпиша на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка”

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села одговори позитивно на иницијативата на невладината организација „Да ја спасиме Попова Шапка” со потпишување на декларацијата за развој на Попова Шапка. Меѓу барањата поднесени од невладината организација „Да ја спасиме Попова Шапка”, беше и одземање на надлежностите од Елем Турс и пренесување на надлежностите во Општина Тетово.

Претседателот на АА ги потпиша краткорочни и долгорочните барања на невладината „Да ја спасиме Попова Шапка”.

-Анализа на досегашното непрофесионално и неефикасно управување со Попова Шапка. Инвестиции во патна инфраструктура, центар за рекреација и соседство на планинските куќи. Уништување на дивоградби и спроведување на Деталниот урбанистички план, се дел од краткорочните барања потпишани од Села.

Долгорочните барања на кои потпис стави Села се создавање можности за обезбедување на туристички центар на приватни инвеститори, изградба на жичарница Тетово-Попова Шапка, инсталација на систем за вештачки снег, проширување на туристичкиот центар кон северните терени (кон Јелак) како и кон делот над планината Боговиње, вклучување на граѓанскиот сектор во процесите на донесување одлуки кои ја одредуваат судбината на Попова Шапка.

Воедно, Села се заложи за негова максимална посветеност, како и на коалицијата за решавање на овој проблем со што Попова Шапка ќе стане модерен туристички центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот