Журка пред Влада со диџеи (ФОТО)

Скопје, 7 октомври 2020 / Фото: Слободен печат.

Музичарите ширум земјава се собраа пред Влада на најавениот протест, каде се очекува да побараат да им биде дозволено да настапуваат во кафулињата и ноќните клубови.

Скопје, 7 октомври 2020 / Фото: Слободен печат.

Моментално се подготвува сцената за музичарите кои преку музички хепенинг ќе го изразат револтот, а на самиот влез пред Влада стои натписот ,,Night Club”.

Скопје, 7 октомври 2020 / Фото: Слободен печат.

Според одлуката на Владата, се забранува гостување на ди-џеи и пејачи, во угостителски објект ќе можат да седат само четворица луѓе на една маса и се ограничува музиката во рестораните и кафулињата на 55 децибели.

Скопје, 7 октомври 2020 / Фото: Слободен печат.

Поради ова на протестот се присутни и дел од угостителите, како и членови на свадбарската индустрија, кои исто така се засегнати за забраната за одржување на настапи во живо и свадбени и други свечености.

Скопје, 7 октомври 2020 / Фото: Слободен печат.
Скопје, 7 октомври 2020 / Фото: Слободен печат.
Скопје, 7 октомври 2020 / Фото: Слободен печат.
Скопје, 7 октомври 2020 / Фото: Слободен печат.
Скопје, 7 октомври 2020 / Фото: Слободен печат.

Музичарите излегуваат на протест пред Влада: За вас и нас се работи, за нашите кариери и фамилии кои ги раниме дома

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот