Жулија Дукорно го доби престижното признание Златна палма за филмот „Titane“ во Кан: Еве кои се останатите добитници

кански филмски фестивал
Фото: EPA-EFE

Француската режисерка Жулија Дукорно ја освои Златната палма на 74. Кански филмски фестивал за филмот „Titane“, со што стана втората жена во историјата на фестивалот што ја добила оваа престижна награда.

Џулија Дукорно
Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN

Пред Жулија Дукорно, единствената жена која ја доби Златната палма беше Џејн Кемпион, родена во Нов Зеланд, која ја доби наградата во 1993 година за филмот „The Piano“.

Џулија Дукорно
Винсент Линдон, Жулија Дукорно, Агата Русел / EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Фимот на Жулија Дукорно беше опишан како еден од најшокантните и најконтроверзните филмови прикажани на Канскиот фестивалот на сите времиња. Имено, е едно од најуспешните дела што ќе се натпреваруваат оваа година во главната програма на најпрестижниот филмски фестивал во светот што се одржува оваа година во Кан.

Џулија Дукорно
Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Наградата за најдобра режија му припадна на Французинот Леос Каракс за филмот „Anette“.

Леос Каракс
Фото: Леос Каракс / EPA-EFE/IAN LANGSDON

Гран при, втората најважна награда на фестивалот по Златната палма, ја поделија иранскиот режисер Асгар Фархади и Финецот Јухо Куосманен.

Асгар Фархади и Јухо Куосманен
Оливер Стоун со победниците Асгар Фархади и Јухо Куосманен / EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Ферхади ја доби наградата за филмот „A Hero“, чиј наратив се занимава со моралните дилеми на човек кој ќе најде торба полна со пари, а филмот на Куосманен насловен „Compartment No 6“ е приказна за патувањето на една жена низ Советскиот Сојуз во осумдесеттите години од минатиот век.

Филмот на Антонет Аламат Кусијановиќ „Murina“ ја доби престижната награда „Camera d`Or“ – награда која се доделува на најдобриот дебитантски филм, а годинава се натпреваруваа 31 филм.

Калеб Лендри Џонс
Фото: Калеб Лендри Џонс / EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Наградата за најдобра машка улога ја доби Калеб Лендри Џонс за улогата во австралискиот филм „Nitram“, а актерката Реноте Ревистa ја доби наградата за најдобра женска улога за својата улога во норвешкиот филм „The Worst Person In The World“ на Јоаким Трир.

Реноте Ревистa
Фото: Реноте Ревистa / EPA-EFE/ANDRE PAIN

Во момент пред објавувањето на наградите, претседателот на жирито, американскиот режисер Спајк Ли, прерано го откри победникот одговарајќи на новинарско прашање за победниците поставено на француски јазик.

Спајк Ли
Фото: Спајк Ли / EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Минатата година фестивалот не се одржа поради пандемија, па организаторите имаа полни раце работа со овогодинешниот избор заради насловите што останаа од претходната година.

Џулија Дукорно, Шерон Стоун
Фото: Жулија Дукорно и Шерон Стоун / EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER
Спајк Ли, Шерон Стоун
Фото: Шерон Стоун, Спајк Ли / EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот