ЖТ нема да пренесуваат патници за време на викендот

Останатите возови, од понеделник, во текот на работните денови, ќе сообраќаат по возниот ред објавен на 23 месецов.

Железници Транспорт го измени возниот ред за деновите од викендот, откако Владата донесе одлука да го ограничи движењето на граѓаните во сабота и во недела, како дополнителна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Според нивната одлука патничките возови нема да сообраќајот во тек на претстојниот викенд.

-Исклучок од ова ќе бидат само возовите, 661 од Кичево и 645 од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје, откако ќе преспијат во наведените градови, и кои ќе сообраќаат по возниот ред од 23.03.2020 година, соопшти денеска Железници Транспорт.

Оттаму известуваме патниците дека во понеделник (30.03.2020 година), возот 661 од Кичево нема да сообраќа, бидејки претходната вечер нема да одпатува воз поради полицискиот час.

Останатите возови, од понеделник, во текот на работните денови, ќе сообраќаат по возниот ред објавен на 23 месецов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот