Жртвите на свештеници педофили ќе добијат отштета со пари од донации – Слободен печат
ВестиПланета

Жртвите на свештеници педофили ќе добијат отштета со пари од донации

Бискупите изгласале издвојување на пет милиони евра за независната комисија која ќе ги истражи случаите на сексуално злоставување во Франција, но ќе работи и на превенција на вакви случаи.

Француски бискупи одобриле план за исплата на отштета на жртвите од сексуални злоставувања извршени од свештеници на Римокатоличката црква.

Бискупите изгласале издвојување на пет милиони евра за независната комисија која ќе ги истражи случаите на сексуално злоставување во Франција, но ќе работи и на превенција на вакви случаи.

Фондот го одобриле 120 бискупи на седница во францускиот град Лурд.

Надбискупот од Рем, Ерик де Молин-Бофор, кој е претседател на Конференцијата на француски бискупи, изјави дека со исплатата на отштетите за жртвите ќе биде признато нивното страдање, но и молчењето, негрижата, незаинтересираноста, недостаток на реакција, лоши одлуки и нефункционирањето на системот внатре во Црквата. Тој додаде дека е многу рано да се зборува за точниот број на жртви. Независната комисија, која го истражува бројот на жртвите од сексуално злоставување, соопшти дека од јуни досега се пријавиле 2.800 лица.

Според бискупите, секое лице, кое ќе биде признато како жртва, ќе има право да добие финансиски средства. Црквата за таа цел ќе бара донации.

Според податоците на весникот „Медиапарт“ од 2016 година, за повеќе од 50 години регистрирани се 342 случаи на злоставување, кои француските бискупи ги прикриле во Франција и странство.

Се претпоставува дека во злоставувањата учествувале најмалку 34 свештеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close