Жртви на ковид-19 во Албанија: Меѓу 1.986 починати, 43 се здравствени работници и 25 полициски службеници

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Во Албанија од почетокот на пандемијата, битката со ковид-19 ја изгубиле 43 здравствени работници, од нив околу 90 отсто лекари, кои инфекцијата ја добиле на работното место.

Прва жртва меѓу „белите мантили“ беше професор доктор Арјан Пуши (58), познат хематолог, со бројни научни трудови, редовен професор на Медицинскиот факултет, кој почина на 30 јули, во Инфективната клиника во Тирана.

Опасниот вирус не ги поштедил ниту полициските службеници, кои исто така се заразиле додека биле на должност. Од заразените над стотина полициски службеници, починале 25, последно денес 49-годишен полицаец од Фиер.

Меѓу починатите има и просветни и културни работници, но точен податок нема а на 20 ноември минатата година како последица од ковид-19 почина 16-месечно бебе.

Првата жртва од коронавирусот во Албанија беше регистрирана на 11 март 2020 а една година потоа официјалниот број на починати е 1.986, заедно со 17-те во последното деноноќие, сите во болнички услови.

Дел од лекарската фела, но и опозицијата тврдат дека бројот на починати е многу поголем, бидејќи се евидентираат само оние кои умреле во болнички услови.

Инаку досега регистрирани се 77.498 случаи со ковид-19 од тестираните 498.076, а активни на болеста се 35.356 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот