Жртва на Диди се охрабри и го даде своето прво интервју: „Врескав, му велев да престане…беше неверојатно болно“

Диди / Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Раперот Шон Комбс, познат како Диди е обвинет за сексуален напад и силување од повеќе лица, а сега една од неговите жртви даде анонимно интервју пред камера во кое ги откри деталите за неговите наводи. Ова е првпат жртвата на Диди да даде интервју пред камера, но со скриено лице и променет глас.

Во интервју за Си-ен-ен, Џон До, име кое вообичаено се користи во САД за да се скрие нечиј идентитет, ги детализираше наводите во неговата граѓанска тужба, која првично беше поднесена на 14 октомври. Во тужбата, тој тврдеше дека Комбс го дрогирал и содомизирал на една од неговите озлогласени бели забави. Во 2007 година, Џон се вработил во приватна компанија за обезбедување која била ангажирана да работи на забавата на Диди.

Во текот на вечерта, Диди лично ѝ донел на својата наводна жртва два пијалаци, а мажот верува дека пијалаците биле преполни со антидепресиви и екстази.

„Првиот пијалак почна да делува на мене и си помислив: ‘Ова се навистина силни пијалаци’. Дури со вториот пијалок, кога беше предоцна, сфатив дека нешто не е во ред со пијалаците. За жал, Диди ме чекаше и кога бев во беспомошна положба и кога се увери дека е во позиција, ја искористи ситуацијата“, рекол тој.

Тој рече дека Комбс потоа присилно го натерал да влезе во автомобил, го држел и го содомизирал.

„Врескав, му велев да престане. Беше неверојатно болно и тој се однесуваше како ништо да не се случува и се чинеше дека целосно се исклучи. Но, беше неверојатно насилно“, рекол тој. Тој исто така рече дека уште една позната личност била сведок на сè.

Човекот му ја кажал ситуацијата на својот шеф во тоа време, кој го отпуштил.

„После тоа повеќе не разговараше со мене, ме исклучи од сè. Завршив на црната листа. Морав да најдам работа во друга област“, истакнал Џон До.

Џон рекол и дека го видел видеото на кое Комбс физички ја напаѓа својата поранешна девојка Кеси Вентура во хотел и дека тогаш размислувал дали требало порано да пријави што му се случило.

„Го видов како ја тепа таа кутра жена и се згрозив, тоа беше ужасно. Се прашував, да зачекорев напред, да бев похрабар, можеби би можел да го спречам тоа“, рекол тој.

До откри и што сака да постигне со својата тужба.

„Ништо нема да ме врати на личноста што бев пред таа вечер. Ништо не може да го промени тоа. Би сакал да го видам да го помине остатокот од својот живот во затвор бидејќи таму му е местото, каде што повеќе не може никого да повреди. Тој ќе живее многу осамен, очаен живот, се надевам, и ако ништо друго, нема да може да ги злоупотребува другите и тоа е единственото нешто што е важно“, објаснил тој.

Мажот бара компензација и казнена отштета и тврди дека наводниот напад ја загрозил неговата кариера и придонел за завршување на неговиот брак. Покрај тоа, по инцидентот, тој почна да се бори со бројни емоционални и ментални здравствени проблеми.

Си-ен-ен во својата статија забележа дека има некои недоследности меѓу тужбата на Џон и интервјуто. Во тужбата изјавил дека инцидентот се случил во 2006 година, додека во интервјуто рекол дека сè се случило во 2007 година. Во тужбата навел и дека никогаш не бил оженет, додека во интервјуто рекол дека се развел поради инцидентот. Инаку, белата забава на Диди во 2006 година се одржала во Сент Тропе, додека забавата во 2007 година се одржала во Хемптон, каде што жртвата тврди дека се случил инцидентот. Тие го известиле адвокатот на Џон, Тони Базби, кој застапува околу стотина од наводните жртви на Диди, кој поднел барање за измена на тужбата. Адвокатот рече дека грешките во тужбата настанале поради брзање.

Адвокатите на Диди се огласија откако медиумите ја објавија статијата и одговорија на обвинувањата.

„Откако Базби беше разоткриен оваа недела дека вршел притисок врз клиентите да поднесат лажни случаи против г-дин Комбс и откако јавните документи покажаа, спротивно на неговите тврдења, дека немаше бела забава во Хемптонс во 2006 година, Базби ја измени тужбата и сега тврди дека тоа се случило на друг ден и во друга година“, велат тие.

Комбс моментално е во притвор и е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција. Неговото судење е закажано за мај 2025 година.

Семејството на Диди дојде во судот: Раперот трет пат се обиде да плати кауција од 50 милиони долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот