ЖРК Вардар по три години се врати со триумф на европската сцена

ЖРК Вардар триумфираше во Косово против Приштина во Европскиот ракометен куп/Фото: vardarfans.mk

Вардарки кои во минатото ги гледавме како редовни учеснички во Лигата на шампионите, денеска по пауза од три години се врати на меѓународната сцена.

ЖРК Вардар во денешниот прв натпревар од второто квалификациско коло на Европскиот куп во Косово ја совлада Приштина со 35:39 (15:16).

Македонскиот претставник имаше добар старт со стекната предност од „плус два“ (3:5), а во 18 минута водство од 8:10.

Домаќинот се врати за израмнување 13:13 на семафорот, а потоа благодарение на одбраните на Ѓорѓиевска повторно се одвои ЖРК Вардар со позитива од 14:16.

Успеа нашата екипа со мини серија да дојде за првпат на мечот и на „плус три“ во вториот дел кога поведе со 16:19 во 37 минута. Разликата растеше, Вардар во понатамошниот период од средбата го покажа својот квалитет и поведе со недостижни 20:26. Коцева беше стрелец на 33 гол во 51 минута за 26:33 и веќе се чувствуваше радоста на клупата на „црвено-црните“, потоа и Радевска погоди за 29:35.

Во најлош момент следуваа исклучувања во редовите на Вардар и во самиот финиш тоа го искористи ривалот за намалување на 33:35 на три минути до крајот на мечот. Кога беше најпотребно се консолидираа Вардарки и триумфираа со конечен резултат 35:39.

Во победничките редови по седум голови имаа Трпевска, Дамјаноска и Диневска.

ЖРК Вардар: Ј. Попова, Н. Попова, Илиќ, Бор. Коцева 1, Тошевска, Трпевска 7, Костовиќ 5, Диневска 7, Миновска 2, Радевска, Ѓеорѓиевска, Галевска 1, Стојановски 4, Васевска, Бој. Коцева 2, Дамјаноска 7.

Реваншот ќе се одигра следната сабота на 23 октомври од 17.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Останататите две наши екипи се пред елиминација од ова натпреварување, ЖРК Металург загуби Дуделанж во Луксембург со 27:18, а ЖРК Чаир со 26:43 беше поразен од Х 71 од Фарски Острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот