ЖРК Куманово пред елиминација во Европскиот куп!

Фото: Фејсбук/ГК Галичанка

Денеска во првиот натпревар во Украина македонскиот женски ракометен клуб Куманово претрпе убедлив пораз во рамките од 1/16 финалето во Европскиот куп.

ЖРК Куманово загуби од Галичанка Лвов со резултат 33:17, иако после првото полувреме имаше негатива од само три разлика (11:8).

Реваншот, во кој условно нашиот претставник ќе биде како домаќин, ќе се игра в недела исто така на теренот на противникот со почеток од 11.00 часот.

Во победничките редови по седум пати во листата на стрелците се запишаа Полиак и Дмитришин, нивниот чувар на мрежата Гладун имаше 19 одбрани.

На спротивната страна по четири голови имаа Боризовска и Трајковиќ, по два Сарановиќ, Чокели и Џамкиќ, а поеден Марковиќ, Кипријановска и Ивановска. Голманот Митровиќ забележа 11 одбрани.

Видео на денот