Жрепка го одлучи редоследот на кандидатите за лидер на СДСМ на гласачкото ливче

Деспотовски, Ташевска-Ременски и Ковачевски на извлекувањето на редоследот на гласачкото ливче / 6 декември 2021 / фото: СДСМ/Фејсбук

Вечерва со жрепка е утврден редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за вонредните избори за претседател на СДСМ, соопшти партијата.

Согласно Роковникот и Правилникот, Централната изборна комисија денеска одржа жрепка за редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за внатрепартиските избори за претседател на СДСМ.

На настанот учествувале сите кандидати за претседател на СДСМ. Според жрепката, редоследот на гласачкото ливче на вонреднте внатрепартиски избори е следниот:
1. Димитар Ковачевски
2. Фросина Ременски
3. Јован Деспотовски

Вонредните избори за претседател на СДСМ ќе се одржат во недела, на 12 декември 2021 година.

„СДСМ е единствена партија во земјата која има врвен демократски механизам за избор на претседател, во којшто членовите на директни избори го избираат претседателот на партијата“, велат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот