Жозе Мурињо во свој стил: Имам доволно искуство!

принтскрин/youtube

Жозе Мурињо имаше успешен старт денеска на клупата на Тотенхем, кој како гостин славеше со 2:3 против Вест Хем во лондонското дерби.

Спарси го надиграа Вест Хем, имаа голем број на шанси и водство од 0:3, на крајот Вест Хем успеа со два гола да го ублажи својот пораз.

Дебито на португалскиот менаџер на тој начин помина успешно, но тоа не е ништо чудно, со оглед на тоа што Мурињо скоро знае само за победи кога дебитира на клупата.

Само еднаш бил поразен на првиот меч на клупата, во 2000. година со Бенфика загуби од Боависта на почетокот на тренерската кариера.

Триумфираше на дебито на клупата на Челзи (двапати), потоа на дебито на Манчестер јунајтед, Порто, Интер, сега и Тотенхем, додека на клупата на Реал Мадрид дебитираше со реми против Мајорка (0:0).

– Бев навистина среќен пред да ги примиме двата гола. Игравме добро, го применувавме тоа што го работевме на тренинзите, можевме натпреварот да го добиеме уште поубедливо, да поведеме и со 0:4. За среќа, имам доволно искуство после толку години, па на момците на паузата им кажав дека не е готово, па дури и да водевме во 85. минута со 0:3 – рече Мурињо.

За двата примени голови и падот во последните 20 минути, Португалецот имаше објаснување.

– Имаше многу емоции после заминувањето на Покетино. Исто така се вратија играчите од своите репрезентативни обврски, се гледаше заморот. Но, најважна е победата, не е важно со колкава разлика. Фудбалерите се среќни и тоа е она што јас го посакувам – додаде менаџерот на Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот