Жозе Мурињо имаше телефонски разговор со Перез!? – Слободен печат
СпортФудбал

Жозе Мурињо имаше телефонски разговор со Перез!?

Се поставува прашањето дали португалскиот „специјалист“ се враќа на „Сантјаго Бернабеу“?

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо и натаму е без тренерски ангажман откако на крајот од минатата година доби отказ во Манчестер јунајтед.

После заминувањето од „Олд Трафорд одлучи добро да се одмори, а летово призна дека му недостасува тренерската работа. Шпанските медиуми шпекулираат дека Мурињо би можел да се врати во Реал Мадрид како замена за Зинедин Зидан.

Според „Марка“, претседателот на „кралскиот“ клуб Флорентино Перез размислува да му врачи отказ на Зидан поради лошите резултати оваа сезона, а особено после поразот од Мајорка.

Информациите велат дека првиот човек на Реал имал телефонски разговор со Мурињо во обидот да види дали Португалецот е подготвен за „кам-бек“ на „Сантјаго Бернабеу“.

Перез верува дека Мурињо на Реал ќе му ги донесе потребните проблеми, а Зидан едноставно го загуби „компасот“ откако се врати на клупата на мадридскиот гигант. Мурињо со Реал од 2010-2013 година успеа еднаш да ја освои титулата во „Ла Лига“ и Кралскиот куп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close