Жота го спаси Ливепул
Фудбалерите на актуелниот англиски шампион го совладаа Вест Хем со 2:1 во седмото коло од Премиер лигата и засега се лидери на табелата со 16. бодови.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, мораше да се експериментира со првиот тим поради многу повреди, но сепак на крајот се радуваше на победата. Јунак на „црвените“ е последното засилување Диого Жота кој победничкиот гол го постигна во 86.минута.
Вест Хем кој очекувано на „Енфилд“ се одлучи да игра дефанзивно, поведе преку Форналс уште во 10. минута.
Потоа играчите на Ливерпул ја презедоа иницијативата, ја контролираа и топката и играта но не можеа да најдат начин веднаш да израмнат. Израмнувањето дојде во 41. минута кога Масуаку непотребно стартуваше над Салах во шеснаесетникот по што египетскиот репрезентативец без никакви проблеми го совлада Фабијански од белата точка.
Моментот на одлука се случи во 70. минута кога Клоп одлучи во игра да ги внесе Жота и Шакири на местото на Џонс и Фирмињо, со што екипата доби нова енергија во играта, а голот на Жота во 78. минута е поништен, по консултацијата со ВАР собата е утврдено дека Мане го фаулирал голманот Фабијански. Сепак, во 86. минута Жота успеа да го постигне победничкиот гол и од лидерската позиција на табелата да се подготвува за големото дерби против Манчестер сити кое треба да се игра на 8. ноември.