Жоргињо не е човек за пример: Ја измами сопругата, потоа и љубовницата, а со третата чека дете

EPA-EFE/ANDY RAIN

Бразилецот кој го носи дресот на италијанската репрезнетација, поради Елиса ја остави Наталија, а со Кет чека има дете.

Фудбалерот на Челси и на италијанската репрезентација, Жоргињо има бурен љубовен живот.

Жоргињо за само неколку месеци го уништи долгогодишниот брак, веднаш ја прекина врската поради која се разведе, а уште побрзо успеа да затрудне трета жена.

Трите жени на Жоргињо се, сопругата Наталија Летери, потоа преведувачката во Челси, Елиса Скалкон и поранешната девојка на актерот Џад Ло од чија врска ја имаат петгодишната ќерка Ада, Кетрин Кет Хардинг,

Аферата на Жоргињо со англичанката која потекнува од Шри Ланка, Елиса, јавноста ја отрки благодарение на нејзиното поранешно момче Арон Хјуз.

Хјуз на медиумите им откри дека со Елиза билк во врска уште кога таа била егзотична танчерка, а приметил дека нејзиното однесување драстично се променило кога добила работа како преведувачка во Челси.

Пред да заминат на одмор во Шри Ланка, Хјуз на Ајпадот на Елиса ги видел пораките помеѓу неговата сега веќе поранешна девојка и Жоргињо со кои се договарале за сексуални авантури и си разменувале разголени фотографии.
Хјуз и Елиса сепак заминале на заеднички одмор, а по враќањето ја прекинале врската, додека Жоргињо ставил точка на бракот со Наталија.

Нивната романса кратко траела, а фудбалерот утеха најде во Кет Хардинг која има дете со холивудскиот актер Џад Ло, а сега и со фудбалерот на Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот