Жорге Мендеш, најмоќниот фудбалски агент кому ниту коронавирусот не му може ништо

epa04601438 Portuguese soccer agent Jorge Mendes during the presentation of the book 'Jorge Mendes, The Special Agent' in Lisbon, Spain, 02 February 2015. EPA/MANUEL DE ALMEIDA

Португалецот и во време кога фудбалот е погоден од финанска криза, ги имаше најголемите трансфери.

Летниот преоден рок помина без спектакуларни трансфери, екипи соочени со големи финансиски проблеми поради пандемијата на коронавирусот, повеќе позајмуваа и разменуваа играчи отколку што правеа трансфери.

Најголемиот трошаџија меѓу лигите, Премиер лигата беше релативно тивка, освен Челси кој потроши повеќе од 200 милиони евра, ниту една друга екипа не ја помина границата од 100 милиони евра, додека шпанските екипи потрошија најмалку пари за трансфери на играчи од 2012 година.

Пандемијата на коронавирусот не му наштети само на една личност, португалскиот супер агент, Жорге Мендеш кој според магазинот „Форбс“ застапува дури 122 фудбалери и тренери, а често е ангажиран и како посредник во трансфери на играчи кои не ги застапува.

54-годишниот Мендеш во летниот преоден рок реализира трансфери кои му донесоа провизија од околу 25 милиони евра.

При трансферот на Диаш од Бенфика во Манчестер сити кој изнесуваше 63 милиони евра, Жорге Мендеш доби осум милиони евра провизија, а го продаде Диого Жота на Ливерпул за 50 милиони евра, го донесе Нелсон Семедо од Барселона во Вулверхемптон. Го продаде Елдер Кошта во Лидс за околу 20 милиони евра, а ја заврши и позајмицата на Винисиус од Бенфика во Тотенхем на кого му го продаде и Доерти од Вулверхемптон.

Вкупно, Жорге Мендеш изминатото лето направи трансфери во висина од 230 милиони евра, а неговата моќ во англискиот фудбал се потврдува и со податокот дека тој е советник во Вулверхемптон и го има последниот збор за трансферите.

Токму во Вулверхемптон има дури седум играчи кои ги застапува, додека во Манчестер сити покрај Диаш кој летово дојде од Бенфика, негови клиенти се и Едерсон, Бернардо Силва и Жоан Кансело. Во редовите на шампионот Ливерпул покрај Диого Жота, португалскиот супер агент се грижи и за кариерата на Фабињо.

Единствен неуспех на Мендеш во летниот преоден рок му беше Џејдон Санчо. Имено, иако англискиот репрезентативец не е негов клиент, Манчестер јунајтед го ангажира Мендеш како преговарач, а сигурно е дека ќе ја има истата улога и наредното лето кога се очекува Санчо конечно да пристигне на „Олд трафорд“.

Мендеш за разлика од Мино Рајола, не се смета за конфликтна личност, и не сака да се експонира во јавноста туку целата работа ја завршува далеку од очите на медиумите и фудбалските функционери го гледаат како човек кој се што ќе допре претвора во злато.

Негови најважни клиенти се Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо, но има одлични односи со речиси сите најголеми екипи како Јувентус, Реал Мадрид, Манчестер сити, Тотенхем, Баерн Минхен, ПСЖ, Челси, Манчестер јунајтед, Монако и со најголем дел од португалските екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот