Жолтоградните капуцинери се приспособуваат на животот во ЗОО градината

Фото: Зоолошка градина

Новите жители во Зоолошката градина, кои пристигнаа во ноември во Скопје, деновиве се прилагодуваат на надворешната средина. Станува збор за осум жолтоградни капуцинери , кои беа донирани од ЗОО Алветерзоо Мунстер во Германија.

 Сите се на возраст од 2 до 8 години и се сместени во живеалиштето кое претходно го користеа мајмуните од видот мангабе. Живеалиштето е направено по светски стандарди согласно условите и препораките на ЕАЗА и зоолошката градина од каде пристигнаа. Овој вид мајмуни потекнуваат од Јужна Америка, најмногу ги има во Источен Бразил и се еден од најзагрозените видови – информираат од Зоолошка градина.

Оттаму објаснуваат дека жолтоградните капуцинери се мајмуни што се многу атрактивни и интересни за посетителиите, па се надеваат дека  гостите на скопската ЗОО ќе им се радуваат и ќе се забавуваат со нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот