Жолт и портокалов метеоаларм во Србија поради многу силен ветер

Фото: Илустрација

Во делови од Белград, Банат и Поморавие е вклучен жолт и портокалов метеоаларм поради силен ветер, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод во Србија.

Иако е предвидено дека највисоката дневна температура денеска ќе достигне 21 степен Целзиусов, во кошавското подрачје тоа речиси нема да се почувствува бидејќи ќе дува многу силен југоисточен ветер.

Најсилните удари на ветрот ќе бидат на територијата на јужен Банат и Долно Подунавие, повремено и со брзина од над 30 метри во секунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот