Жизел Бундхен ја покажа најслатката и најверна партнерка за јога! (ФОТО)

инстаграм

Супермоделот Жизел Бундхен веќе со години тренира јога, а изгледа дека и нејзината ќерка Вивиен е заљубена во оваа вештина.

Жизел објави фотографија со својата ќерка која прикажува дека се верни партнерки во јогата веќе со години. На првата фотографија Вивиен е бебе и ја копира мама, а на другата таа веќе има 7 години и совршено ја изведува позата како и Жизел.

Двете ја носат косата собрана во пунџа и се облечени во спортски комплети како сестри.

„Мојата мала партнерка за јога расте толку брзо. Ја сакам повеќе од што можам да се изразам со зборови“, напишала Жизел и открила дека првата фотографија е од 2013 година, а втората од 2020 година.

На фотографијата коментирал и Том Брејди, сопругот на Жизел: „Виви ја сака својата мајка, а исто и јас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот