Животот во Мариупол се враќа во нормала, Русите го деминираа приморскиот град

мариупол
руски војници мариупол . EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека целосно е завршено деминирањето на пристаништето Мариупол на југот на Украина.

Во соопштението се наведува дека биле испитани 134 предмети, а биле пронајдени и неутрализирани повеќе од 12.000 експлозивни предмети и оружје „оставени од украински милитанти“, пренесува РИА Новости.

Агенцијата наведува дека во градот се воспоставува мирен живот, почнале да работат јавниот превоз и бензинските пумпи, а отворени се четири од петте болници.

На 20 мај Министерството за одбрана објави дека „целосно е ослободена фабриката за челик Азовстал“, која била последната линија на одбрана на украинските сили во Мариупол.

Според податоците на Министерството, на 16 мај се предале повеќе од 2.400 припадници на украинската војска и на Азовскиот полк, а околу еден месец биле блокирани во фабриката Азовстал.

Од друга страна украинските власти тврдат дека работници кои копале во урнатини на станбена зграда во Мариупол пронашле 200 тела. Распаднатите тела биле пронајдени во подрум на урната станбена зграда во Мариупол, разурнат пристаништен град кој стана симбол на страдањето, но и на отпорот, соопштија градските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот