Животот во Франција постепено се враќа во нормала

epa08478019 General view of the Eiffel Tower from the Trocadero Human Rights Plaza in Paris, France, 10 June 2020. After over 3 months of closing due to the Covid-19 pandemic ?the longest closing time since WWII ? the Eiffel Tower will re-open its doors to the public from 25 June 2020 at 10am. EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Некои ресторани и кафулиња во Париз во понеделникот наутро забрзано ги подготвуваа своите сали за прием на гости, што е уште еден важен симбол за враќање на животот во нормала.

Животот во Франција денеска речиси целосно се врати во нормала: целосно се отворени многу кафулиња и ресторани, дозволени се некои прекугранични патувања и се подготвува враќање на сите ученици во училиштата, а властите веруваат дека пикот на епидемијата од коронавирусот поминал.

Првпат од средината на март возот кој ги поврзува Париз и Дортмунд во Германија тргна утрово на пат откако се отворени внатрешните граници на ЕУ.

На француско- германската граница, по доаѓањето во Кил, преку патот за Стразбур, повеќе не беше потребно да се покажуваат документи на германските полицајци ниту да се докажува идентитетот. Тоа посебно важи за француските пушачи кои во Германија купуваа поевтини цигари.

„Изминатите недели покажаа дека не може едноставно вештачки да се раздвојат нашите две земји, а притоа, заедничкиот живот и внатрешниот пазар да не бидат тешко погодени“, оценија во заедничката изјава копретседателите на француско-германската парламентарна група Андреас Јунг и Кристоф Аренд.

Сите граници сепак сé уште не се отворени, како на пример кон Шпанија која ќе се отвори на 21. јуни.

„Проблем е дали клиентите ќе се вратат“

Некои ресторани и кафулиња во Париз во понеделникот наутро забрзано ги подготвуваа своите сали за прием на гости, што е уште еден важен симбол за враќање на животот во нормала. Во последните три дена во парискиот регион смееше да се отворат само терасите.

Терасите на кафулињата веќе неколку дена се отворени ширум француските градови Париз 8. јуни 2020. Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

„Проблем е дали нашите клиенти ќе се вратат… Повеќето фирми и натаму ги држат работниците на работа од дома“, рече Алберт Аидан, радоводител на пивницата „L’Ami Georges” во центарот на градот.

„Подготвени сме! Сите ние многу сакаме да работиме“, рече Франсиско Фернандез, сопственик на италијански ресторан Ла Боја неколку улици подолу.

Но некои ресторани како познатиот Водвиљ засега остануваат затворени додека клиентите не се вратат во поголем број.

Враќање во училиштата и на работните места?

Кога станува збор за јаслите, основните и средните училишта, ќе треба да се причека уште недела дена за нормално одвивање на наставата.

Од вторник ќе бидат ублажени правилата за физичко дистанцирање во училиштата, пре задолжителното враќање во училишните клупи од 22 јуни.

Засега во основните училишта се дозволени најмногу 15 ученици во одделение поради што не можеа сите да се вратат.

Враќањето на децата во училиштата ќе го олесни враќањето на родителите на работните места.

Министерот за здравство Оливие Веран е уверен дека „пикот на епидемијата“ поминал.

Напомена дека сепак тоа не значи дека коронавирусот повеќе не циркулира низ земјата.

Во последните 24 часа се забележани девет смртни случаи во болниците, што е најмалку од средината на март.

Вкупно починаа 29.407 лица.

И натаму останува на сила забранта за собирање на повеќе од 10 луше на јавните места, како и големи собири со повеќе од 5 илјади лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот