Животот во државата постепено ќе се враќа во нормала, кога за тоа ќе се создадат услови

НЕ ЈА КОРИСТИ
НЕ ЈА КОРИСТИ

Животот во државата постепено ќе се враќа во нормала кога за тоа ќе се создадат услови и веќе правиме планови во таа насока, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Сепак, тој посочи, дека нема да може така лесно целокупниот и работен процес, но и животот да се врати во нормала со истиот интензитет имајќи го предвид искуствто на некои други земји, како и предвидувањата дека секогаш постои ризик за втор пик на дијагностицирани пациенти.

– Во таа насока во периодот што следи, следната недела започнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори, на кои од наша страна ќе им се даде јасна насока на економските оператори, производствените капацитети, рестораните како треба нивниот работен процес да го организираат за тогаш кога ќе се одлучи дека е дојден моментот да се отстранат сите овие рестриктивни ригорозни мерки и целокупниот тој процес постепено да се врати во нормала, појасни Филипче.

Сето тоа, рече тој, ќе се работи во периодот додека траат сите мерки со кои верува дека ќе стават крај на патот за ширење на вирусот со цел за кратко време после подигањето на мерките, повторно да не се соочиме со сериозен ризик од наплив на пациенти кои сега успешно ги избегнавме.

Државава е во фаза во која воведените мерки се најстроги, но Филиче рече дека истовремено се подготвуваат и за периодот за целосно враќање во нормала тогаш кога ќе бидат исполнети условите за тоа.

– Согласно бројот на ново дијагностицирани пациенти, кој искрено се надевам согласно предвидувањата на крајот на април ќе го достигне врвот, постепено животот да се врати во нормала и целокупниот работен процес, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот