Животот на МАЈКАТА ВЕСНА со години бил тежок и мачен, а крајот трагичен: Со ќерките трпела насилство од мажот

Србинката Весна М. (45) и нејзините ќерки близначки (18) умреле од глад во својот стан во Виена!

Тинејџерките биле лица со инвалидитет, а мајката која се грижела за нив имала психички проблеми.

Трите тела во станот ги нашла полицијата и пожарникарите, откако комшиите известиле дека не ги виделе уште од крајот на март.

-Мислев дека се на одмор. Минуваше времето, а тие не се појавуваа, па повикав полиција, изјави комшиката Берта Балинг.

Кога надлежните ја обиле вратата од станот, се шокирале.

-Мајката е најдена мртва во претсобјето, додека близначките биле во нејзиниот кревет. Се сомнева дека прво починала мајката, а сестрите не можеле да повикаат помош, ниту да излезат по храна. Телата им биле неухранети, коски и кожа. Во станот не е најдена никаква храна, така што прашање е колку долго не јаделе. Обдукцијата покажала дека умреле од глад, велат извори за медиумите.

Несреќната Весна и нејзините ќерки имале тежок живот, а биле и жртви на семејно насилство.

-Мажот на Весна со години ја тепал и малтретирал и неа и ќерките. Заради тоа тие повеќе пати бегале во сигурна куќа барајќи спас. Весна успеала да се разведе од него и тој едвај ги оставил на мира. Од тогаш таа сама се грижела за ќерките иако и сама психички оболела, изјавила комшивката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот