
Животот на Елизабет Тејлор е како во бајката за „грдото пајче“: Имала ретка болест и таен комплекс, а мажите се треселе пред неа
Eдна од најубавите жени на светот, легендарната филмска дива Елизабет Тејлор, една од последните легенди на златното време на Холивуд, освоила два Оскари, имала седум мажи, четири деца и најубава колекција на дијаманти.
Препорачано
За посебноста на Елизабет Тејлор нема да дознаеме многу од нејзините филмови и љубовни врски, ниту пак, од нејзините многубројни бракови, туку од животните датуми и факти за дивата кои записничарите ги забележиле.
Елизабет се родила со лице и тело покриени со влакна поради ретка болест, па никој не ни помислил дека зад ова „грдо пајче“ се крие најголемата заводничка на Холивуд.

Иако лекарите се изјасниле дека ова мало девојченце ќе ги носи темните црни влакна низ целиот свој живот, за среќа, тие паднале по првата недела. Од млада девојка, носејќи го тој таен комплес, иако со нежно, мазно лице, таа целосно го депилирала за да биде совршено чисто. Подоцна овој третман од неа го презела Мерилин Монро.
Во Холивуд го добила името Лиз, но таа мразела да ја нарекуваат така, сметајќи на звучноста при изговорот – Лиз се слушало како „хис“ (his), односно негова.
Филмскиот хонорар во 1943 ѝ бил само 100 долари неделно за филмот „Леси се враќа дома“. Точно 20 години подоцна, кога платата на претседателот Џон Ф. Кенеди била 150.000 долари, а најбогатиот бизнисмен заработил 650.000 долари, Елизабет Тејлор инкасирала најмалку 2,4 милиони долари. Во 1992 година ја постигнала највисоката плата, со тежина од 2,5 милиони долари за филмот „Флинстонс“.
Во 1959 година ја прифатила еврејската религија, а нејзиното име на еврејски е Елишеба Рачел.

Во текот на животот пет пати ја повредувала половината, а најтешко кога во 1945 паднала од коњ.
Во 1963 година славниот уметник Енди Ворхол го продал нејзиниот портрет за 23,7 милиони долари на анонимен човек на аукцијата на „Кристис“ во Њујорк. Сликата на Ворхол пак, насликана во 1962 година, со име „Мажите во животот на Елизабет“, била продадена за 63,3 милиони долари!
Елизабет била страсен пушач, сè до 1975 кога погрешно ѝ била поставена дијагноза за рак на бели дробови. Избезумена од дијагнозата, ги фрлила цигарите.
На насловната страница на угледното списание „Пипл“ се појавила 14 пати, за еднаш помалку од рекордерката – принцезата Дијана. Како колекционерка на накит, во својата колекција имала парчиња што се сметаат за едни од највредните во светот, вклучувајќи го и 33-каратниот златен брош што ѝ припаѓал на Војвотката од Виндзор. Во колекцијата не недостигал и накитот од најголемите руски кралици и војвотки, но тука е и „Ла перегина“, ценетиот подарок за „Денот на вљубените“ од Ричард Бартон. Од Бартон, во колекцијата се наоѓа и „Бартон Картие дајмонд“, кој тој ѝ го подарил во 1969 година. Истиот ден бил преименуван во „Бартон Тејлор дајмонд“.
Романтичниот живот на Елизабет Тејлор започнал на само 17 години кога се свршила со славниот американски фудбалски херој Глен Дејвис, познат како кршач на женски срца. Набргу следувала втората свршувачка, овојпат со синот на американскиот амбасадор во Бразил.
Нејзината најголема љубов бил Ричард Бартон со кого снимила 11 филмови. Се запознале во 1963 година на снимањето на филмот „Клеоптара“ во кој Елизабет ја играла египетската царица, а Бартон – Марк Антониј. И двајцата биле во брак, но тоа не пречело за ја започнат љубовната приказна, која се смета за една од најголемите во историјата на Холивуд.

Средбата со Бартон, многу години подоцна вака ја опишала:
– Кога пристигна на сетот, Ричард ми пријде и ме праша: „Дали некој досега ти рекол дека си многу убава?“. Мислев дека е голем велшки интелектуалец, со прекрасна смисла за хумор, а исто така и голем љубовник, а ми приоѓа со толку банална реченица. Но, потоа забележав дека рацете му се тресат. Имаше тежок мамурлак, но беше очигледно дека беше преплашен и од мене. Тој миг се сожалив на него, сфатив дека е човечко суштество и тоа беше почеток на нашата афера – раскажала своевремено Елизабет.
Прочуената љубовна афера, проследена со бурни расправии и скандали, траела 20 години – се венчавале двапати, во 1964. и во 1975 година и никогаш не престанале да се сакаат.

Мајкл Џексон ѝ станал најблизок пријател во подоцнежните години. Му дала многу подароци за ранчот „Неверленд“, вклучувајќи го и дрвениот коњ. Била кума на синовите на Мајкл. Со еден од своите мажи токму на тој ранч и се венчала во 1992. Сепак, нејзиниот најкраток брак е оној склучен три дена по премиерата на филмот „Таткото на невестата“, со Конрад Хилтон помладиот, кој траел онолку колку што им траел медениот месец поминат низ Европа. Односно, 3 месеци. На бракоразводната парница таа жестоко ги дискутирала нивните карактерни разлики.

Елизабет Тејлор не се појавила на 75. доделување на Оскарите, поради својот негативен став кон војната во Ирак. На Твитер се приклучила во 2009 година, за време на својот престој во болница.
– Никогаш не планирав да стекнам многу накит и многу мажи. За мене, животот се случуваше токму како за кој било друг. Бев крајно среќна во животот, спознав голема љубов, секогаш се венчавав кога ќе се вљубев, а моето здравје беше такво што станав жив пример за тоа низ што сè човек може да помине и да преживее – изјавила Елизабет Тејлор неколку месеци пред да почине.
Големата филмска дива почина на 23 март 2011 година во Лос Анџелес.
Од дневникот на Ричард Бартон: Актерот откри интересни детали од средбата со Тито и Јованка Броз