Животните навики на принцезата Маргарет: Појадок во кревет, вотка и ручек од четири јадења

принцеза маргарет
Принцеза Маргарет / Фото: Профимедиа

Принцезата Маргарет ѝ беше сестра на кралицата Елизабета Втора. Иако биле многу блиски и многу се сакале, во јавноста живееле сосема поинаков живот.

Станувајќи кралицата Елизабета знаела дека должноста и обврските доаѓаат пред нејзините желби. Меѓутоа, Маргарет не била подготвена на таков компромис.

Елизабета и Маргарет со нивната мајка / Фото: Профимедиа

За тоа сведочи и нејзината утринска рутина…

Изгледа дека принцезата Маргарет се будела околу 9 часот, а потоа појадувала во креветот. По појадокот, останувала во кревет и се излежувала уште два часа слушајќи радио и читајќи весници.

Фото: Профимедиа

Потоа наредниот час го поминувала во када откако персоналот ќе ѝ подготвел топла купка. Нормално, не треба да се занемари нејзиниот коктел со вотка кој ѝ бил послужуван секој ден во 12 и 30 часот точно. По ова „разбудување“ следел ручекот од четири јадења.

Фото: Профимедиа

Диетите, едноставноста, медитацијата? Не, тоа не бил животот на принцезата Маргарет, туку вистински хедонизам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот