Животните искушенија на Том Харди: Го допрев дното, со години бев зависник

Instagram

„Моето име е Бонд. Џејмс Бонд“,  е познатата изрека на најпознатиот таен агент во светот, која, судејќи според гласините во Холивуд наскоро ќе ја слушнеме од британскиот актер Том Харди.

Актуелниот Бонд – Даниел Крејг се подготвува за заслужена пензија по петте последователни продолженија, а неговиот сонародник и миленик на жените ширум светот треба да ја преземе улогата на агентот на британската тајна служба „MI6“.

Крејг последен пат ќе ја игра улогата на Бонд во 25-тото продолжение на „No Time to Die“ чија премиера е закажана на 12 ноември, по двете одложувања поради падемијата на коронавирусот.

Instagram

Обожавателите сè уште чекаат официјална потврда за тоа кој ќе биде следниот Бонд. Ова веројатно ќе го дознаеме во ноември. Сепак, многумина не се откажуваат од идејата дека Харди ќе ја добие улогата, како што се „шушкаше“ во јуни.

Том Харди го видовме во улоги на социопати, терористи кои се обидуваа да го уништат Бетмен, емоционално распаднат маринец и многу други.

Почетоците на филмското платно му беа во 2001 година кога му била понудена улога во мини серијата „Band of Brothers“ во режија на Спилберг. Иако се појавува само во две епизоди со вкупно 12 реплики, тоа дефинитивно е неговиот пробив на филмското платно.

Потоа во филмот „Black Hawk Down“ на Ридли Скон уште еднаш се потврдил фактот дека му претстои одлична кариера.

Така и се случи, но со огромен ризик дека сè ќе почне да се движи во надолна линија. Имено, уште од тинејџерските денови Том Харди бил склон кон лесни опијати, но и кон алкохолот, што станало уште полошо откако се прославил.

Instagram

Кога зависноста од кокаин станала сериозна, по снимањето на десеттото продолжение на „Star Wars“, во 2003 година тој доброволно отишол на лекување.

Тоа, признал тој, дека немало да се случи доколку една вечер мртов пијан не се онесвестил во сопствените повраќаници на улиците на Лондон.

„Не сакав никој да знае дека не можам да се контролирам, но не можев да го сокријам тоа. Беше прашање на време кога ќе ми откаже телото. Јас бев „готов“. Имав среќа што не добив хепатитис или сида“, пред шест години изјави Том Харди.

Instagram

На 15 години се соочил со затворска казна откако украл автомобил, а тогаш го пронашле и неговиот пиштол. Можеби токму тоа го направи брилијантен во биографската драма „Bronson“ за истоимениот најнасилен британски затвореник кој поголемиот дел од својот живот го поминува во затвор. Том Харди за таа улога морал да се здебели дури 19 килограми.

„Бев во тотален хаос по филмот „Bronson“. Беше забавно. Јадев само чоколадо и пица, играв „Xbox“, ја избичив главата и пуштив мустаќи“, рекол Харди, кој неколку пати за време на снимањето неколку пати го посетил затвореникот Бронсон. Тој бил изненаден од посветеноста на Харди и тврдел дека само тој може да го игра.

Се „отрезнил“ засекогаш пред 17 години, но улогата во филмот „Warrior“ во 2011 година, во кој глумеше син на поранешен боксерски тренер и алкохоличар кој го малтретирал како дете го натерала да го продлабочи своето искуство со зависностите.

Instagram

Низ годините, Том Харди совесно преземал различни улоги, кои публиката ги прифати како негов потпис – без разлика дали станува збор за еврејскиот гангстер Алфи Соломонс од Лондон во легендарната серија „Peaky Blinders“, „Mad Max“ или во улогата на близнаци во филмот „Legend“.

Том Харди го „чува“ својот приватен живот. По многуте успешни улоги и добрата глума, тој стана секс симбол мамејќи воздишки ширум светот.

„Јас сум актер, за волја на Бога. Уметник. Сум играл со секого и со сè, но мажите не ме привлекуваат сексуално“, објаснил Том по шпекулациите за неговата сексуална ориентација.

Том Харди со сопругата Шарлот Рајли / Instagram

Јавноста знае само за три негови партнерки, продуцентката Сара Вард, со која беше во брак од 1999 до 2004 година, асистентката на режија Рејчел Спид со која во 2008 го добија синот Луис, па се разведоа следната година и неговата сегашна сопруга, актерката Шарлот Рајли.

Врската, која тие вешто ја чуваат далеку од очите на јавноста, била крунисана со брак во јули 2014 година, а во октомври 2015 година тие добија девојче чие име никогаш не го открија.

„Гледам како се однесуваат луѓето. Гледам кога ќе ми пријде камера. Гледам кога некој го држи телефон и го гледам нивниот говор на телото. Нема разлика помеѓу тоа и оружје“, објасни тој во една прилика, истакнувајќи дека никогаш нема да продава фотографии од своите деца на таблоидите.

Том Харди со сопругата Шарлот Рајли / Instagram

Синот на двојката се родил на крајот на 2018 година, а и неговото име исто така никогаш не беше откриено. Странските медиуми шпекулирале дека му го дале името Форест, според филмот „Forrest Gump“ кој му бил омилен на Харди, но двојката никогаш официјално не ги потврди овие гласини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот