Животниот пат на Конор Мекгрегор: Од водоинсталатер до мултимилионер и планетарна ѕвезда

EPA-EFE/ARMANDO ARORIZO

Кога беше на работ на егзистенцијата, тој заработуваше само 188 евра месечно.

Конор Мекгрегор по пауза од речиси година и половина се врати во октагонот на спектакуларен начин, за само 40 секунди го нокаутира Доналд Серон на УФЦ 246 приредбата која се одржа во Лас Вегас.

Тој за експресниот нокаут заработи неверојатни 60 милиони фунти, со што го потврди статусот на најголема ѕвезда во УФЦ.

View this post on Instagram

This week's profit.

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on

Мекгрегор откако стана прва ѕвезда на најмоќната организација за мешани боречки вештини, е вистински скандал мајстор кој ужива во животот, се вози со приватен авион и ужива во луксузот.

И покрај сите приказни за неговите авантури, Конор Мекгрегор е верен на својата избраничка Ди Девлин со која заедно ги поминаа најтешките моменти од животот. Тие беа заедно во Даблин кога тој добиваше само 188 евра социјална помош за невработени.

View this post on Instagram

Happy Valentine’s Day my Queen ❤️

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on

Конор Мекгрегор како 17-годишно момче почна да работи како водоинсталатер и да помага на својата мајка. Секој ден стануваше во 5 часот наутро, работеше по 12 часа на ден, но не беше задоволен со својот живот.

– Тоа беа тешки времиња кога не го сакав својот живот. Не ме интересираше да работам како водоинсталатер – зборуваше Мекгрегор на почетокот од кариерата во УФЦ.

Подоцна кога стана богат и славен, во знак на сеќавање на тој мрачен за него, период, направи шах од цевки за вода.

Тешкиот период од животот не го заборави и денеска кога е мултимилионер и од една борба заработува по 50-тина милиони фунти. Ирецот исто така не го заборава и моментот кога одлучи да го следи својот сон и да стане УФЦ борец, одлука која не му се допадна на неговото семејство.

„Ќе ти биде жал кога ќе станам милионер“, му рекол Мекгрегор на својот татко кога имаше 25 години.

Кога влезе во октагонот, Мекгрегор стана вистински „Ирец“, воин кој никогаш не се предава. Интересно е што пред првта борба во која заработи 60.000 долари, му пристигна чек од 188 евра како социјална помош за невработени водоинсталатери. Подоцна, кога си купи јахта, Ирецот ја крсти по парите „188 евра“.

View this post on Instagram

The 188.

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on

Пред да дојде во УФЦ, Мекгрегор се бореше во британските „Cage warriors“ и „Celtic Gladiator“ каде оствари скор од 12 победи и само два порази. Дебито во УФЦ му беше во 2013 година кога за само нешто повеќе од една минута го нокаутира Маркус Бримаџ по што започна да се создава легендата за Конор Мекгрегор како најголема ѕвезда во историјата на УФЦ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот