Животната приказна на Елза Скиапарели, била текстилен близнак на Салватор Дали и најсериозна конкурентка на Коко Шанел

Фото Фејсбук

Со Жан Кокто дизајнирала палто кое предизвикува оптичка илузија – на палтото се насликани две лица кои гледаат еден во друг, а кога ќе се погледне палтото уште еднаш, единствено нешто што се гледа на него е една ваза.

Иако Елза Скиапарели (1890-1973) била една од најистакнатите модни икони меѓу двете светски војни, нејзиното име денес сè поретко се спомнува. Сепак, неспорни се новите бурни ветрови кои таа ги донела на модната сцена.

Родена во богато семејство во Рим, уште од мала го покажала страствениот интерес кон уметноста и дизајнот. Сметајќи дека богатството во кое живее само ќе ѝ наштети на нејзината уметност, како девојка се преселила во Њујорк и набрзо станала пријателка со големите уметници, мајсторот на експерименталната и модна фотографија Мен Реј и сликарот и скулптор Марсел Дишан.

Во 1922 година кога Мен и Габи Реј одлучиле да заминат за Париз, Елза им се придружила. Во Париз се вљубила во модниот свет, во стилот на парижаните, а таа страст кон модата ја одвела на една ревија, како гостин. За да изгледа убаво на настанот, си сплела за себе црн пуловер со бел раб околу вратот. Овој многу необичен пуловер го привлекол вниманието на прочуената писателка Анита Лус (меѓу другите дела, позната и по сценариото за филмот „Мажите повеќе сакаат русокоси“) и оттука започнало нивното пријателство. Лус ја запознала Елза со тогаш големиот моден креатор Пол Пуаре кој ја убедил да отвори моден салон. Лус ѝ помогнал и со своите креации, подоцна, да влезе во холивудскиот филм.

Фото Фејсбук

Така, Скиапарели го отворила модното ателје во 1926 година, но и покрај позитивните критики не успеала од своето име да направи препознатлива марка. Една година подоцна, ја лансирала колекцијата во која доминираат плетените пуловери со надреалистички слики. И оттука почнува возбудливата модна приказна.

Како љубител на модерната уметност, Елза почнала да соработува со Салватор Дали. Од нивната соработка произлегле оригинални модни решенија. На пример, славниот фустан на кој Дали ќе наслика јастог. Или фустанот наречен костур.

View this post on Instagram

Being in Mexico and arriving here just after Dia de los Muertos, I thought of the Schiaparelli dress I once saw in an exposition in Vienna. The “skeleton dress” must have been such a seminal moment in fashion, as she flirted heavily with surrealism and yet created beauty beyond and thus made a vibrant and provocative fashion statement Love the drama and the spectacular modernist slant to this silhouette in black silk crêpe. And it rings right home here on my Mexican getaway. #jorgensimonsen #jorgensimonsenparis #jørgensimonsenparis #jørgensimonsendesign #jorgensimonsendesign #jørgensimonsen #jorgensimonsenfashion #inspiration #divineinspiration #fashion #paris #dress #eveningdress #schiaparelli #elsaschiaparelli #surrealist #couturiere #pioneer #iconicdesigner #anatomy #skeleton #skeletondress #ribcagedress #blacksilk #diadelosmuertos #mexico #lovemytrip #rockon #justdoit

A post shared by Jørgen Simonsen (@jorgen.simonsenparis) on

Славата конечно пристигнала

Со Жан Кокто пак, дизајнирала палто кое предизвикува оптичка илузија – на палтото се насликани две лица кои гледаат еден во друг, а кога ќе се погледне палтото уште еднаш, единствено нешто што се гледа на него е една ваза. Рамениците и делови на грбот од палтото биле украсени со вез од розови рози. Тоа бил првиот шок на модната сцена во Париз.

Во 1931 година, Елза повторно предизвикала бурни реакции и нов шок претставувајќи го таканареченото сплит здолниште. И покрај бројните критики, ова здолниште ќе стане многу популарно за играње тенис и возење велосипед. После толку години напорна работа и експериментирање, славата на Елза конечно стигнала.

фото фејсбук

Не и по мој вкус!

Тенденцијата на војните била да променат сè, па дури и вкусот. После Првата светска војна модните креации станале поедноставни, без декорации, со прилично строги линии. А креативната Елза Скиапарели не се прилагодила на таа нова побарувачка на пазарот и затоа одлучила да го затвори своето модно ателје, во 1954 година. И се откажала од модата. Доволно богата, продолжила да живее сама, но не и осамена покрај бројните генијалци од уметничкиот свет со кои го делела секојдневието.

Во својот дом во Париз, фото Фејсбук

Брак избришан од биографијата

Нејзиниот прилично краток брак со професорот (кој го запозна во Лондон, во младоста), грофот Керлор, речиси и сосема се „избришал“ од нејзината бурна животна и модна биографија. Нивната ќерка, грофицата Марија Лујза Керлор, позната како Гого Скиапарели, се омажила со богатиот бизнисмен Роберт Беренсон и во тој брак се родиле две деца – моделот Мариза Беренсон и модната фотографка Бери Беренсон. Двете сестри се појавиле на насловната страница на „Вог“ во раните 70-те години. Бери била мажена со глумецот Ентони Перкинс (кој почина од Сида во 1992 година), а речиси девет години подоцна на кобниот 11 септември 2001, Бери го загубила животот во летот 11 на Американ ерлајнс, кога авионот се урнал во една од кулите на Светскиот трговски центар.

Внуците на Елза Скапарели ја продолжиле уметничката лоза. Едниот е глумец, Оз Перкинс, а другиот е музичар, Елвис Перкинс.

Најсериозната конкурентка на Коко Шанел, Елза Скиапарели, ја напишала својата автобиографија на 64-годишна возраст и потоа сосема се повлекла од јавниот живот во нејзината куќа во Тунис. Во куќата во Париз навраќала повремено, сè до длабоката старост и до смртта во 1973 година.

Скапарели до денес останува инспирација на бројни славни модни креатори, меѓу кои и Лубутен и Мјучиа Прада.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот