Животна приказна за Ф1 шампионот: Мајката и маќеата летуваат заедно, а татко му го исфрли од тимот

twitter/lewishamilton

Луис Хамилтон во неделата ја освои шестата шампионска титула во Формула 1, а од трибините покрај татко му Ентони, беше бодрен и од мајка му Кармен и маќеата Линда. Ова е само дел од чудната приказна на Ф1 шампионот.

Хамилтон израсна во скромниот дом во Стивениџ, град кој се наоѓа 50-тина километри од северно од Лондон. Родителите се разведоа кога тој имаше само две години и остана да живее со мајка му до својата 12. година, кога се пресели кај својот татко кој работеше во железница.

Луис Хамилтон својот интерес за автомобилизмот почна да го развива откако татко му за шестиот роденден му купи мал автомобил на далечинско управување. Откако откри дека неговиот син пројавува огромен интерес и има талент за возење, Ентони одлучи да го помага финансиски додека се напреваруваше во картинг шампионатот.

– Ентони во Луис виде талент, многу вложи во него и јас не можем да го направам истото. Разводот не му наштети на Луис. Да не беше Ентони, тогаш ни нашиот син немаше да стане таква ѕвезда – вели Кармен Ларбалстер.

Луис е третото дете на Кармен, тој има две постари полусестри Никол Хјуит и Саманта Шикл од претходниот брак и помлад брат Николас од бракот на татко му Ентони со Линда.

Ентони му беше менаџер на Луис до 2010 година, три години по дебито во Формула 1, кога беше отпуштен. Хамилтон тогаш изјави дека се одлучил на овој чекор за да може татко му да се фокусира на други работи, додека Ентони тврди дека причината е друга.

– Луис тогаш се замисли: Татко знаеш што? Доста ми е, не сакам повеќе да се слушам. Одлучи дека ќе биде свој човек и го прифатив тоа – изјави тогаш Ентони кој како награда за 18 години поддржување на својот син доби три милиони фунти.

twitter/lewishamilton

Неговиот помлад полубрат, Николас боледува од церебрална парализа, синдром кој ги напаѓа мускулите и предизвикува многу послаба подвижност. Ниту тешката болест не го запред Николас да влезе во светот на автомобилизмот. Тој дури се натпреварување во британскиот шампионат на „туринг“ автомобили.

Иако се разведоа пред 32 години, родителите на Хамилтон останаа во добри односи, тие редовно летуваат заедно со своите партнери и присуствуват на трките на нивниот син.

– Насмевката на татко ми сè ми кажа. Ме поддржуваше од првиот ден, исто како што тоа го правеа и Линда и мајка ми. Потрошија многу пари за да станам тоа што сум денеска и сакав да бидат тука заедно. Мислам дека тоа беше прв пат сите да бидеме заедно. Како се чувствувам? Да кажам дека сум на седмото небо е преблаг збор, далеку сум над тоа – изјави Луис по освојувањето на шестата шампионска титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот