Живот меѓу жичена ограда, станбен кварт во Германија повторно во строг карантин, станарите под надзор на војската и полицијата

epa08512533 A man reacts at a quarantined area in the district Suerenheide in Verl, Germany, 27 June 2020. According to media reports, over 1,500 Toennies employees at the Rheda-Wiedenbrueck plant have tested positive for the SARS-CoV-2 coronavirus that causes the pandemic COVID-19 disease. EPA-EFE/DAVID HECKER

650 луѓе живеат во тие бетонски новоградби на крајот од градот Верл кој вкупно има 25.000 жители. Речиси половина од нив, односно околу 300 луѓе се Романци кои работат во погонот за преработка на месо Тенис.

Поради новото жариште на коронавирус во погонот за преработка на месо Тенис, на подрачјето каде што се наоѓа фабриката прогласена е вонредна состојба. Цели квартови се во строг карантин.

Воспоставен е центар за тестирање со кој раководат германски војници и ги потсетуваат семејствата дека е важно да се тестираат. Овој центар за тестирање војската го постави во едно училиште кое е празно поради летниот одмор. Трошоците за тестирање се плаќаат од јавните средства, а дел го плаќа кланицата Тенис каде што изби заразата во овој дел од Вестфалија на западот од Германија.

Едно младо тричлено семејство дојде до центрот да се тестираат и да добијат евентуално, потврда дека не се заразени од коронавирус, зошто само така ќе може да отпатуваат на одмор. Сѐ уште има летувалишта кон не сакаат да прифатат лица од подрачјето на Гитерсло зошто таму има премногу случаи на инфекции.

Кој сака да излезе од комплексот мора да се тестира и да има негативен резултар Фото: EPA-EFE/DAVID HECKER

Михаел Ескен, демохристијански градоначалник на Верло тоа го смета за неправда. „Со исклучок на работниците во кланицата кои работат во Тенис, тука едвај и да имаме случај на корона“, вели градоначалникот за Дојче веле. Секако, кај работниците од Романија и Бугарија кои живеат во новоизградената населба на крајот од градот тоа изгледа поинаку. Тие таму живеат со работниците кои работат во фабриките, а таму живеат и мал дел староседелци.

Жичена ограда на крајот од градот

Типичен пример е станбениот кварт на Лершенвег: зградите ги опкружува жичена ограда висока два метри, полицијата и другите чувари се во постојана стража. Во контејнер веднаш до оградата во секое време може да се најде доктор. Преведувачи постајно одат меѓу чуварите на редот и работнците од фабриката. Многу Романци не зборуваат германски или многу лошо се разбираат на германски колку само да се снајдат.

Комплексот чии станари се во карантин го чува полицијата и војска и има медицински екипи Фото: EPA-EFE/DAVID HECKER

650 луѓе живеат во тие бетонски новоградби на крајот од градот Верл кој вкупно има 25.000 жители. Речиси половина од нив, односно околу 300 луѓе се Романци кои работат во погонот за преработка на месо Тенис. Тие мора да останат во и натаму во карантин, зошто кај шеесетина е утврден коронавирусот. Кој навистина е болен се сместува во просторите од задниот дел на станбениот блок за да се спречи ширењето на заразата.

„Тоа е некој вид карантин внатре во карантинот“, објаснува градоначланикот Ескен. Тој е на чело на штабот на соработнции од канцеларијата за ред, полиција и хумантирани организации кои се обидуваат да ги спречат новите жаришта на заразата. Само ако тоа им успее, претседателот на покраинската влада на Северна Рајна и Вестфалија Армин Лашет најави можноста заклучувањето на Гутерсло да биде укинато за недела две.

Сепак може да се излезе

За градоначалникот и многу тамошни жители сепак стана подобро. Дозволено е напуштање на карантионот, под претпоставка дека не се работи за кланицата и дека нема коронавирус. Сите жители во околуната се веќе тестирани, но резултатите од тестовите постапно стигнуваат. Тогаш исто така постапно ќе можат да ја напуштат зоната на карантинот. Градоначалникот е свесен дека пред него е долг пат: „Додека сѐ не биде како што беше пред короната може да потрае со месеци“. Може дури и подолго, зависно од тоа дали ќе се појави вакцина против овој вирус.

Потребните работи редовно им се доставуваат на станарите кои се во карантин Фото: EPA-EFE/DAVID HECKER

Слично мисили и Сузан Грунд која со својот сопруг Хрват води еден ресторан во Верл. Благодарна е на градот кој веднаш и помогнал со износ од 9.000 евра, дури и сопственикот на зградата и го простил наемот за еден месец. „Сето тоа е помош“, вели добро расположената гостилничарка за Дојче вели. Но ако наесен има нов бран корона, тоа би значело крај на нивниот бизнис.

Жената станува сериозна: веќе 30 години целото семејство живее од тој ресторан. Убаво ѝ е што живее во Верл. Но од 20-тина ресторани и кафеани во градот сега се отворени едвај третина. Многу жители се плашат да излезат надвор за да не се заразат.

Главно Романци и Бугари кои работат во кланицата Тенис живеат во станбениот комплекс во Верл Фото: EPA-EFE/DAVID HECKER

И многу жители за сѐ го обвинуваат сопственикот на кланицата Клеменс Тенис. Сите знаат дека во неговиот погон владеат невозможни услови за работа така што воопшто не е чудно што вирусот брзо се прошири. Но се жалат и на неодлучноста на политичарите. Веќе долго се знае како е во кланицата и требало тоа да се контролира многу пред тоа и многу построго.

Сега сите живеат во надеж дека кризата со короната ќе заврши што поскоро. Но и знаат дека до тогаш ќе мора да живеат со вирусот. Добрата волја и расположение затоа во Верл сѐ уште ретко може да се најдат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот