Живо е на „Кнез Михајлова“ во Белград: Од кафулиња, по 18 часот на трубачи

Гласна музика, играње, дружење, но кога саатот чукна 18 часот сите полека почнаа да ги напуштаат кафулињата во центарот на Белград на Обилиќев венец.

Нова година каква не памети не само Србија, туку и целиот свет. Иако во изминатите години на 31 декември ова време почнуваше загревање за „најлудата ноќ“, сега нема подготовки за голем дочек и на плоштадите.

Но, славење во Белград има. Живо е на „Кнез Михајлова“ низ која и млади и возрасни, па и семејства со деца ја исполнија главната градска артерија за шетање. Поединци, пак, застануваат да уживаат и играат на звуците на трубачите, а дел од нив не можеа да додржат, па заиграа и коло.

Инаку, пропишаните епидемиолошки мерки во Белград воглавно се почитуваат и сите угостителски објекти беа затворени во 18 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот