Живеел брзо и кратко, принцот на математиката загинал во бесмислен двобој: Ако се потребни трупови за да се придвижат масите, јас ќе го положам својот!

Принцот на математиката, живееше брзо и кратко. Загина во бесмислен двобој кога имал 20 години, но зад себе иако толку млад остави математички тези кои беа препознаени дури 25 години по неговата смрт, а денес се вградени во темелите на современата алгебра.

Еварист Галоа, француски математичар, бил роден на 25 октомври 1811 година во Бурж Ла Рен, во близина на Париз, во семејство на интелектуалци. Татко му бил водач на либералната партија, борец против кралската власт и вљубеник во филозофијата. Мајка му, образувана и од добро семејство, дома го подучувала Еварист латински, грчи и музика, се до неговата 12 година кога тргнал во училиште.

На училиште бил добар ученик, но класичните науки му биле незаменливи. Учителите го опишувале како необичен и оригинален. Потоа ја открил математиката и во неа се вљубил. Иако учителите го сметале за надарен и се обидувале да го систематизираат неговиот пристап на учењето, тој на математиката ѝ пристапувал на свој начин. На 16 години се обидел да се запише на Политехничка академија без положените вообичаени испити и тогаш е одбиен.

На крај на јули 1829., татко му извршил самоубиство после политички несогласувања со селскиот свештеник. Неколку дена подоцна Еварист се обидел по вторпат да се запише на Политехничката академија, без успех.

Прочитајте и...  Ен Хатавеј прозборе за животот во изолација и за сите предизвици што ги донесе пандемијата

Испитувачите не го препознале неговиот талент и истата година Галоа се запишал на тогашната Подготвителна школа која била многу послаба во математика, но младиот математичар таму нашол професори кои имале разбирање за него. Наскоро го поднел својот прв труд на Академијата. За жал, професорот кај кого овој труд завршил и кој требало да го претстави на Академијата во 1830 година, поради својата болест го убедил Еварист трудот да си го повлече и да го спои со друг труд.

Галоа повторно ја пријавил проширената и ревидирана верзија на трудот во 1830. и добил тутор кој трудот го претставил на Академијата. Но среќата на Галоа не траела долго, туторот умрел во мај, а кај него не бил пронајден трудот на Галоа. И покрај тоа, Галоа успеал да објави два труда со алгебарски решенија и еден за теорија на броевите. Охрабрен од ова, се обидел да организира училиште по математика кое ќе ја опфати теоријата на имагинарни броеви, но не успеал да привлече ниту еден ученик.

Прочитајте и...  Д-р Дре и неговата сопруга Никол Јанг се разделуваат: Развод од „пеколот“ и алиментација од два милиони месечно

Разочаран, Галоа се свртил кон политиката. На еден собир против кралот изјавил „Ако се потребни трупови за да се придвижат масите, јас ќе го положам својот“. Во деновите на пресврти, после Јулската револуција, завршил и во затвор поради антимонархистичко дејствување.

Судбината сурово и понатаму си поиграла со него, па во текот на тие затворени денови се вмешала и една љубовна драма. Во текот на отслужувањето на казната, Галоа започнал љубовна врска со ќерката на затворскиот чувар, Стефани. Неколку дена по излегувањето од затвор оваа за него фатална љубов го довела до повик на двобој кој го добил од свршеникот на споменатата девојка.

Според една верзија, се смета дека тоа момче намерно го предизвикал за да се реши од својот политички противник. Ноќта пред двобојот, Галоа го напишал своето последно писмо на пријателот кое ги содржи неговите најскапоцени математички идеи и теории, но и зборовите со кои зборува дека умира за татковината. Последните зборови во писмото биле: „Задржете ме во сеќавањето, зашто судбината не ми подари доволно живот за мојата татковина да дознае за моето име.”

Прочитајте и...  Колку долго смеат да се користат капките и спрејовите за нос?

Рано утрото на 31 мај, 1832., бил погоден во градите и бил оставен на пустото поле. Го нашол еден селанец кој го однел во болница, но за Еварист Галоа било веќе доцна.

Умрел во присуство на својот брат, на 21 година. Бил погребен во заедничка гробница, па денес не постои трага од неговиот гроб. Неговите собрани дела на само 60 страници останаа како вечен спомен на овој исклучителен математичар.

 

Поврзани вести

Од коронавирусот почина Зоран Росоманов, зетот на легендарната Виолета Томовска

Слободен печат

Вкусови што се памтат: Посна македонска кујна – Вргањ со зеленчук (РЕЦЕПТ)

Милена Ризовска

Џенифер Лоренс остана без својот имот кој беше опустешен од  ужасен пожар

Слободен Печат

ВИДЕО+ФОТО | Белата куќа во празнично руво: Меланија Трамп е подготвена за последниот Божиќ, како прва дама!

Слободен Печат

Били Ајлиш откри како карантинот влијаел на нејзината креативност и создавање нова музика

Слободен Печат

Џенифер Лопез го прослави објавувањето на својата нова песна со виртуелна забава

Слободен Печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian