Живеат надвор од модерната цивилизација: Запознајте го племето Пираха – најсреќното племе на светот

youtube
принтскрин/ youtube

Во Амазонската џунгла се крие племето Пираха со околу 400 припадници познато како најсреќното племе на светот.

И покрај утврденото мислење дека спиењето е добро за човечкиот организам, овие необични луѓе сметаат дека е штетно и истото те прави слаб и ранлив. Силно веруваат дека ако заспиете може да се разбудите како друг човек, па затоа и не би ризикувале.

Исто така веруваат дека колку помалку спиете, толку подолго ќе живеете. Дури и кога спијат, тие не легнуваат во кревет, а веднаш штом се разбудат продолжуваат со нивните дневни обврски.

Во нивниот јазик нема збор за повеќето броеви. Овие изолирани припадници на бразилското племе ги користат концептите на „еден“, „неколку“ и „многу“, откриваат американски научици.

За племето Пираха нема временски одредници, нема минато и иднина. За нив постои само сегашноста.

Не користат датуми, денови од неделата, па дури ни календар, а јадат еднаш или два пати дневно. Нив им се познати три типа на односи: тој со детето, тој со родителите и со браќата и сестрите. Не постои никаква хиерархија, а воедно нема криминал и кражби.

Никој од припадниците на племето не поседува имот. Истражувачите кои ги посетиле велат дека тие спонтано пеат во ноќта, а низ тоа веруваат дека сонот и јавето се еднакво важни.

Лингвистите во светот се воодушевени од необичниот јазик на племето Пираха. Уште еден интересен податок е дека во јазикот со кој се служат имаат само три самогласки и седум согласки. Ги нема заменките „јас“, „ти“, „тие“, па ни одредниците за „лево“ и „десно“. А, пак користењето на сложени реченици не се ни случува.

youtube
Принтскрин / Youtube

За нив не постои концептот на стареење бидејќи не им е позната човечката анатомија и веруваат дека душата едноставно патува од едно тело во друго. Затоа, еднаш на шест или осум години, членовите на племето ги менуваат своите имиња кои во себе содржат некаква назнака за старост, за да може да се одреди дали станува збор за дете или возрасен човек само по името.

Највисокиот идеал за ова племе е рамноправноста. Сите се еднакви и немаат поглавар. Никој не е подобар или полош, едноставно се сите исти.

Иако имале прилики за тоа, ниту еден член од племето Пираха нема зачекорено во модерниот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот