Жителите од Ново Маало ја подржуваат изградбата кај „Холидеј ин“

По многуте реакции во јавноста за проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти „Холидеј Ин“, се огласија и жителите на Ново Маало, потсетувајќи дека со децении живеат во нехумани услови и затоа даваат целосна поддршка на проектот, со надеж дека со негова реализација ќе им се решат проблемите.

– Повеќе децении многу семејства живеат во услови кои не ги задоволуваат стандардите на хумано домување, дотрајани куќи, нерешено греење, калдрма и кал до колена, место за одложување на отпад на сите што ќе навратат во центарот на градот. Изразуваме жалење што голем дел од јавноста не го разбира ова бидејќи е лесно е да се зборува од комфорни станови. Посочуваме дека, со овој проект ќе се реши проблемот на многу семејства кои, за воља на вистината, сé уште живеат во супстандардни услови како да е 19 век или биле приморани да ги напуштат своите куќи – вели Игор Стојанов, во име на жителите од Ново Маало. 

Тој објаснува дека со компензацијата која ја добиваат и реализација на овој проект кој многу години беше заглавен во институционалните лавиринти, ново маалчани конечно ќе имаат можност да добијат живеалишта достојни за 21 век. 

– Откако ќе се реализира проектот, овој дел на Скопје ќе има многу повеќе зеленило отколку што на оваа локација имало во последните 50 години. Скопје е главен град и репрезент на нашата држава кој мора да се развива по примерот на светските метрополи – вели Стојанов.

Според него, кога јавноста кога ќе го види целиот проект во најголема мера и ќе го одобри, онака како што го одобруваат и луѓето од Ново Маало, едно од најстарите скопски маала, а кое за жал иако е во срцето на градот претставува грда слика за една метропола. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот