Жителите на Вухан со часови чекаа во ред на дожд за да бидат тестирани (ВИДЕО)

Жителите на кинескиот град Вухан чекаа повеќе часови на дожд за да бидат тестирани за коронавирус и да одговорат на кампањата на владата за тестирање на сите 11 милиони жители, за кои здравствените експерти велат дека е без преседан.

Властите во кинескиот град, од каде се рашири коронавирус откон крајот на минатата година и отпаѓаат повеќе од 80 проценти од сите случаи во земјата, започнаа кампања оваа недела, откако новите случаи предизвикаа стравувања од втор бран на ширењето.

Некои стравуваат дека ќе се заразат додека чекаат во ред за тестирање Фото: EPA-EFE/PENG NIAN CHINA OUT

Иако Вухан минатиот месец беше ослободен од карантин што траеше 76 дена, властите се плашат од можни асимптоматски случаи, луѓе кои немаат никакви симптоми, но може да го рашират вирусот.

Во областа Кијаоку во Вухан, дом на околу 10,000 луѓе, мажи, жени и деца стоеја во редови под чадори, а старите лица седеа на столчиња додека чекаа на тестирање на четири поставени пунктови.

Прочитајте и...  Заев: Антикорупциска ќе врши проверка на имот, потекло на пари на судии, обвинители вклучително и на политичари

Властите објавија план да ги тестираат сите 11 милиони жители, но приоритети се оние кои работат во образованието, здравството, транспортниот сектор и продавниците, како и владини претставници и граѓаните кои се враќаат од странство или мораа да го напуштат Вухан поради работа.

Некои стравуваат дека ќе се заразат додека чекаат во ред за тестирање.

Масовно тестирање во Вујан Фото: EPA-EFE/PENG NIAN CHINA OUT

Вухан моментално може да тестира 100.000 луѓе на ден, а за да ја постигне својата цел да ги тестира сите 11 милиони жители за 10 дена, треба да се тестираат 730 000 луѓе дневно, објави весникот „Health News“, поврзан со Националната здравствена комисија.

Досега биле тестирани над 1,66 милиони луѓе, проценува Ројтерс врз основа на извештаите на здравствените власти.

Прочитајте и...  Хонгконг ги затвори сите училишта по пораст на новозаразени од коронавирусот

Прочитај повеќе

Серија инциденти пред Собранието на Србија во Белград (ВИДЕО)

МИА Агенција

Реакција на српската Демократска партија за протестите во Белград

Слободен печат

Демонстрантите ја нападнаа полицијата во Белград, употребен и солзавец

Слободен печат

Нови демонстрации во Србија, Парламентот го опколи жандармеријата (ВИДЕО)

Слободен печат

Вучиќ од Париз: Мислам дека конечно паднаа сите маски!

Слободен печат

Во светот денеска рекорден број новозаразени: СЗО признава дека не може да се искорени вирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Царовска: ВМРО-ДПМНЕ нуди изолација и враќање назад

Слободен печат

Стефановиќ: Брутални сцени на насилство, полицијата мора да реагира

МИА Агенција

Николоски: Мојот против кандидат е „капо ди тути капи“ на сите криминалци во оваа држава

Слободен печат

Филипче: Ако делите барем дел од ентузијазмот, вербата и желбата што јас вечерва ја чувствувам, ние сме победници

Слободен печат

Заев: После поразот Мицкоски нема да биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Мицкоски: Да ставиме крај на криминалот и разнебитувањето

Слободен печат