Жителите на Вухан од зградите ја пејат химната (ВИДЕО)

Досега од коронавирусот починале 107 лица, а заразени се речиси 4.600 луѓе.

Жителите на кинескиот град Вухан, кои се затворени во своите домови поради епидемијата на коронавирусот, се обидуваат самите да се охрабрат, па синоќа во некои згради се здружиле, излегле на терасите и заедно ја пееле националната химна и други песни.

Во стамбените блокови одекнувал рефренот на кинеската химна, кој гласи „стани, стани, стани”, додека некои граѓани извикувале „Бори се Вухан”.

Досега од коронавирусот починале 107 лица, а заразени се речиси 4.600 луѓе.

Коронавирусот се појави во Вухан, од каде се прошири низ Кина и во светот. Градот со 11 милиони жители моментно се наоѓа во целосен карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот