Жителите на Волково ги нападнаа Заев и Наумовски: Сите само кажувате, а немате ништо исполнето (ВИДЕО) - Слободен печат

Жителите на Волково ги нападнаа Заев и Наумовски: Сите само кажувате, а немате ништо исполнето (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев денеска по пристигнувањето од самитот на НАТО во Лондон, беше во увид на градежни работи за изградба на спортска сала во основното училиште „Јоаким Крчовски“, во скопско Волково.

На овој настан, премиерот учествуваше заедно со градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски и заменик-министерката за образование Елизабета Наумовска.

По завршувањето на настанот граѓаните не му дозволија на премиерот да одговара на новинарски прашања, туку почнаа да му поставуваат прашања за проект за изградба на фекална канализација, кој бил згрешен.

Заев рече дека се во тек правни постапки, ама дека продолжува спроведувањето на проектот. Групата граѓани потоа продолжи да довикува дека во населбата нема улици и дека има кал до колена.

– Каде е проширувањето на улиците, на тротоарите, каде се градинките. Ништо нема. Во Горно маало немаме ништо. Сите само кажувате, а немате ништо исполнето. Од средсело накај Кучково, поминете господине градоначалниче и премиере, да видиме по каква улица одиме ние. Каде ни учат децата, по какви калови одиме – реагираше револтирана жителка на Волково.

На тоа, и реплицираше градоначалникот Наумоски, кој пред медиумите тврдеше дека улицата на револтираната жителка е асфалтирана, и е приклучена на канализациона мрежа.

Изјава Заев

Publiée par MИА.mk sur Jeudi 5 décembre 2019

Прочитај повеќе

Ивановска: Детектирани се слабите точки и „финтите“ како се злоупотребува дискреционото право

Слободен печат

Дескоска очекува поддршка од сите пратеници за Законот за ЈО

Слободен печат

Прв ден судење за отповикувањето на Трамп- борба за сведоци и доверливи документи

Слободен печат

Др. Дудучки: Голем број млади Кумановци страдаат од пострауматски стресни раствојства настанати во војни

Слободен печат

Трамп „зависен“ од Твитер, во еден ден напиша 142 твита

Слободен печат

Продолжува судењето за „Рекет”

Слободен печат

Остави Коментар

two × 3 =

Прочитај повеќе

Пратениците ќе расправаат за Законот за заштита од вознемирување на работно место

Слободен печат

Сончево со температура до 11 степени

Слободен печат

Во операција на Интерпол на Балканот спасени десетици жртви на трговија со луѓе

Слободен печат

На еден студент просечно по една банана месечно

Мирослава Бурнс

Испукан солзавец и водени топови: Насилни протести во Цирих против форумот во Давос

Слободен печат

Три лица загинаа откако во Австралија се урна авион за гаснење пожари

Слободен печат