Жителите на Трнодол разочарани од Општина Карпош

Веќе две години Општина Карпош воспостави нов принцип во носењето на деталните урбанистички планови. Од општина која беше жртва на урбаната мафија каде се носеа ДУП-ови по нејзин терк, денеска сме сведоци на отворен процес во кој граѓаните директно се вклучени при креирањето на политиките и развојот на Карпош, наведуваат во соопштение од општината.

Додека пак, жителите на Трнодол со соопштение до јавноста велат сосема спротивно. Посочуваат дека допис е испратен до медиумите со цел никогаш повеќе да не се повтори ваков примитивизам кој го креираше Општина Карпош околу случувањата на најавената презентација за предлог ДУП-отза населба Трнодол, а која требаше да се оддржи вчера на 17.12.2019 во Месната заедница Пецо Божиновски, каде настана инцидент, па мораше да интервенира и полицијата.

-На вчерашната закажана Јавна презентација граѓаните требаше да ги  видат сите измени кои по нивно барање беа вметнати во Предлот ДУП-от Ј03 Блок 7, за потегот околу Трнодол, ако и само ако одредена група на граѓани, дозволеа одржување на истата презентација. Вчера бевме сведоци на насилство и агресија, свесно направени, од политички и други побуди. Заканите, нападот на службено лице на Општина Карпош, уништувањето на инвентарот потсетија на едно минато време, кога ДУП-овите се носеа далеку од очите на јавноста- стои во соопштението до медиумите.

Сепак, велат оттаму, вчеравечер имаше и голем број на разумни и чесни граѓани, кои за жал беа изманипулирани и потпаднале под влијание на лажните информации. Не е точно дека градоначалникот Стефан Богоев јавно не зборувал за овој Предлог ДУП и бегал од  граѓаните.

-Жалиме што Записникот од одржаната средба меѓу засегнатите граѓани, службите и градоначалникот сега се смета за „лажен документ”, иако истиот е потпишан од присутните лица и се постигна согласност за сите суштински работи. Иако сите клучни забелешки на граѓаните беа прифатени, одредена група свесно мораше да се измислува нови населби, и лажно да посочува дека Предлог ДУП-от се однесува за Жданец, што е целосна невистина- велат од општината.

Со цел да се избегнат лажните вести, уште минатата недела општинските служби и градоначалникот се сретнаа и на брифинг со новинари, а секојдневно ја продолжуваме комуникацијата со медиумските работници на оваа тема.

Целта на јавната презентација е стручните служби од Секторот за урбанизам и претставникот од планерската куќа, во детали, од стручен аспект да го објаснат Предлог ДУП-от, но и да одговорат на прашањата на сите заинтересирани граѓани.

-Ништо нема да не поколеба да продолжиме со отвореноста на процесот. На веб страната на Карпош достапен е Предлог ДУП-от, со графички и текстуален дел (онака како што бараа граѓаните) и сите можат да се уверат во фактот дека предлозите поднесени од нив се веќе вметнати во Предлог ДУП-от- стои во соопштението од Општина Карпош.

Завршено е времето кога урбанистичките документи се криеја и истите беа носени за потребите на урбаната мафија, велат од општината.

Додека пак, жителите на Трнодол со соопштение до јавноста велат сосема спротивно. Посочуваат дека допис е испратен до медиумите со цел никогаш повеќе да не се повтори ваков примитивизам кој го креираше Општина Карпош околу случувањата на најавената презентација за предлог ДУП-отза нас. Трнодол, а која требаше да се оддржи вчера на 17.12.2019 во Месната заедница Пецо Божиновски, каде настана инцидент, па мораше да интервенира и полицијата.

-Ние како граѓани сме првенствено разочарани од Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев, кој сака насилно да го донесе овој ДУП, па и по цена да падне крв. Покрај забраната за влегување на камерманите и медиуми во салата беше забрането снимањње и сликање од страна на граганите и опомена од партиските војници на сдсм да не се снима – често со физичка закана. Зошто ? Одговорот сам се наметнува- наведуваат жителите на Тднодол.

Засегнатите граѓани од Трнодол тогаш побарале да се спреми нова презентација во нормални услови, во поголема сала имајќи го во предвид присуството и на  возрасни луѓе од населбата, заинтересирани конечно да ги чујат причините за потребата за донесување на еден ваков криминален ДУП.

-Тоа ни беше оневозможено бидејќи „платениците“ на Градоначалникот започнаа со ситни закачки и заканувања и веќе беше јасно дека овде излагање тешко дека ќе има. Впрочем и тоа им беше и намерата, воопшто да нема презентација, бидејќи на градоначалникот му беше јасно дека сиот прљав веш може да излезе на виделина- велат меѓудругото, жителите на Трнодол.

Полициска екипа интервенираше откако настана тепачка за Дуп-от во Трнодол (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот