Жителите на Словенија добиваат можност да изберат која вакцина ќе ја примаат

Фото: mia.mk

Словенците од утре ќе можат да изберат со која вакцина против ковид-19 ќе се вакцинираат.

– Имаме доволно вакцини и веќе од понеделник, ќе може да се избира вакцина – изјави синоќа словенечкиот премиер Јанез Јанша во говорот на конгресот на неговата Словенечка демократска партија (СДС).

– Клучната цел е да се постигне таква стапка на вакцинација што ќе обезбеди имунитет и нормален живот не само во лето, туку и во есен – рече Јанша, повикувајќи ги граѓаните да се вакцинираат во што поголем број.

Во Словенија, се користат вакцините на Модерна и Фајзер, како и Астра Зенека и Џонсон и Џонсон.

Според официјалните податоци, 28,2 проценти од населението во Словенија досега биле вакцинирани со дозите потребни за целосна имунизација, а 797.861 само со прва доза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот