Жителите на Ново Маало: Лажните борци за екологија да не помислуваат на суспензија за „Холидеј Ин“

Фото: Архива на „Слободен печат“

Ние граѓаните на Ново Маало им порачуваме на лажните борци за екологијата од „Зелен хуман град” и „Шанса за Центар” да не помислуваат да ја повикуваат Општина Центар за суспензија на ДУП-от кај „Холидеј Ин“, реагираат жителите на Ново Маало.

– Доста ни е од манипуланти и самопрогласени борци за екологија кои со целосно уредени животи, изградени куќи и станови се борат за паркингот на кој нема ништо друго освен распукан бетон, многу прашина и нашите распаднати куќи кои 70 години не можеме да ги поправиме, стои во нивното писмено соопштение.

Тие потсетуваат дека Министерството за транспорт и врски веќе еднаш се изјасни за инцијативата за суспензија како неоснована и порачуваме да се престане со опструкциите.

– Ги повикуваме да престанат да држат непотребни прес-конференции кои не се ништо друго освен за нивна политичка промоција. „Зелен хуман град” и „Шанса за Центар” се во Советот на општината и како претставници на институциите тие треба да ни служат нам, а не да нè замајуваат 70 години, велат тие.

Тие ѝ порачуваат на Општина Центар да не подлегнува на притисоците бидејќи нема да прифатат никаква присилна суспензија.

– Предупредуваме и на Советот на општината, и на градоначалникот и на сите други институции на кои тие се повикуваат дека остро ќе протестираме и ќе се спротивставиме ако било што се запре. Од ова нема да отстапиме, децидни се тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот