Жителите на Москва бегаат на село, а локалното население се жали дека со себе го носат коронавирусот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на 25 март објави дека работната недела која следи ќе биде неработена недела во Москва поради ширењето на коронавирусот, а дека нејзините граѓани треба да останат дома, но се чини дека тие не го послушаа.

Минатиот петок вечерта околу 730.000 автомобили, со околу 10 проценти од населението во Москва, кое вкупно брои 12,7 милиони жители, го напуштија главниот град и центарот на епидемијата и се упатија кон селата, соопшти Министерството за транспорт во Москва.

Егзодусот предизвика стравови за непречено ширење на коронавирусот во земјата и ги налути жителите кои живеат во оддалечените региони, кои досега се чувствуваа релативно заштитени.

Истиот ден, кога бројката на потврдени случаи на инфекцијата надмина 1.000, Русија нареди затворање на државните хотели, одморалиштата и рекреативните објекти исто така ги прекина и сите меѓународни летови.

Но, тоа не спречи повеќе од 17.000 луѓе од Москва и Санкт Петербург да заминат во нивните викендички или во други 80 руски региони, кои се оддалечени на 500 километри од Москва.

Некои локални жители во овие региони ги обвинуваат граѓаните на Москва дека сосебе го донеле коронавирусот.

-Мора да се бориме против паниката. Мора да направиме нешто околу жителите на Москва кои доаѓаат во нивните викендички. Нашата економија зависи од нив, но тие стануваат непријатели. Не треба да биде така– рече извор од локалната власт.

Во регионот Тули, на околу 100 километри од Москва, властите размислуваат да затворат село со 334 викендички, бидејќи едно четиричлено семејство се засолнило таму, откако се испоставило дека се позитивни на коронавирусот по враќање од одмор во странство, објави регионалниот кризен центар.

Семејството веднаш се изолирало во село, но сите мештани морале да бидат тестирани, а улиците да бидат дезинфицирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот