Жителите на Карпош со свои предлози го креираат новиот општински буџет

Карпош веќе трета година по ред им овозможува на своите сограѓани да учествуваат во креирање на Буџетот на Општината. Во таа насока, локалната самоуправа на социјалните мрежи постави анкетен прашалник на кој карпошани можат да ги даваат своите предлози, според кои ќе се формира Општинскиот Буџет за 2021 година. До овој момент, прашалникот го пополниле 410 граѓани, а истиот ќе биде активен до среда, информираат од општината.

Паралелно, Општина Карпош ќе спроведе и теренска анкета, на 1.000 испитаници за да добие уште појасна слика за проблемите и потребите на граѓаните. На овој начин жителите посочуваат конкретно, кои проекти за нив се најприоритетни, со што и помагаат на Општината да ги рационализација средствата со кои располага.

Сите граѓански предлози и идеи ќе бидат проследени до соодветните сектори и одделенија на локалната самоуправа. Оттаму, се што е реално остварливо и во рамки на финансиските можности и надлежности на Општината, ќе биде интегрирано во Буџетот за 2021 година.

Најактивни се граѓаните од Карпош 1, Карпош 4 и Тафталиџе 1. Односно, жителите од овие урбани заедници пополниле најмногу прашалници. Кога станува збор за најчесто пријавувани проблеми или идеи за нови проекти, доминираат предлозите од три области и тоа: инфраструктура, екологија и урбанизам.

Граѓаните бараат почеток на реконструкција на плочникот во Порта Влае. За таа цел, локалната самоуправа веќе донесе развојна програма за финансирање на проектот, во две буџетски години. А, во финална фаза е основниот проект, кој предвидува нови гранитни плочки и хидроизолација за платото. Во првата половина на 2021 се очекуваат и теренските активности за реконструкција.

Во делот на зголемување на безбедноста во сообраќајот, карпошани бараат поставување на повеќе заштитни столпчиња околу воспитно – образовните установи, но и колку што е можно повеќе да се „ослободат” тротоарите од возила.

Акцентирана е потребата и за реконструкција на дел од постоечките фасади на зградите. Ја користиме оваа пригода, да информираме дека Општина Карпош повторно ќе објави јавен повик за субвенционирање на реконструкција на фасади, но и постоечки лифтови и кровни површини.

Проблемот со паркирање е посочен и оваа година. Локалната самоуправа во текот на 2020 спроведе анкети во Карпош 1 и Карпош 2, како населби кои се најзасегнати од ова прашање. Доминираат одговори за воведување на зонско паркирање, по што во тек се координативни активности со ЈП „Градски паркинг” за спроведување на регулација на паркингот.

Хигиената околу контејнерите е проблем на кој уште треба да се работи, иако се поставени нови и затворени контејнери од Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот