Жителите на Хонгконг во редови чекаа да купат копија од весникот „Епл дејли“ како поддршка за медиумите

Жителите на Хонг Конг во редови денеска чекаа пред штандовите да купат копија од весникот „Епл дејли” (Apple Daily) и на тој начин да ја поддржат слободата на медиумите во полуавтономната кинеска територија.

ДЕНЕС: Насловната страна на Епл Дејли / 11 август 2020 / Хонг Конг / Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE EPA-EFE/JEROME FAVRE
Луѓе го купуваат денешното печатено издание на Епл Дејли / 11 авугст 2020 / Хонг Конг / Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Јавната поддршка уследи еден ден откако полицијата го уапси издавачот на „Епл дејли” Џими Лаи и изврши претрес во неговата компанија.

Полицијата упадна во зградата на Епл Дејли / 10 август 2020 / Хонг Конг / Фото: EPA-EFE/APPLE DAILY HANDOUT HONG KONG OUT
Полицијата врши претрес во зградата на Епл Дејли / 10 август 2020 / Хонг Конг / Фото: EPA-EFE/APPLE DAILY HANDOUT 

Лаи (72), сопствник на дневниот весник „Епл дејли” и магазинот „Некст” (Next magazine), кои се критички кон кинеските власти, вчера е уапсен врз основа на новиот Закон за национална безбедност во Хонг Конг.

Медиа тајкунот Џими Лаи изнесен со полициска придружба / 10 август 2020 / Хонг Конг / Фото: EPA-EFE/APPLE DAILY HANDOUT HONG KONG OUT. CHINA OUT. TAIWAN OUT. MANDATORY CREDIT: APPLE DAILY HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES/NO ARCHIVES

Покрај Лаи уапсени се и неговите два сина и други вработени.

Медиа тајкунот Џими Лаи изнесен со полициска придружба / 10 август 2020 / Хонг Конг / Фото: EPA-EFE/APPLE DAILY HANDOUT HONG KONG OUT

Најмалку 200 полицајци вчера упаднаа во седиштето на компанијата „Некст диџитал” (Next digital), која го издава „Епл дејли”.

Жителите на Хонг Конг тоа го оценија како гушење на слободата на медиумите.

Вработените во зградата чекаат додека полицијата врши претрес на зградата / 10 август 2020 / Хонг Конг / Фото: EPA-EFE/ MANDATORY CREDIT: APPLE DAILY HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES/NO ARCHIVES

Продавач на весници изјави дека претпладне продал 200 од вкупно 300 копии, истакнувајќи дека обично продава околу 100 примероци од „Епл дајли”.

Луѓе го купуваат денешното печатено издание на Епл Дејли / 11 авугст 2020 / Хонг Конг / Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE
Жена го купува денешното печатено издание на Епл Дејли / 11 авугст 2020 / Хонг Конг / Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Законот за национална безбедност Пекинг го воведе и во Хонг Конг кон крајот на јуни, како одговор на повеќемесечните демонстрации во 2019 година, најголеми од 1997 година, кога на Кина и е вратена територијата, што дотогаш беше под британска колонијална управа.

Фотографија која новинската агенција Епл Дејли ја сподели прикажува како полицијата вади кутии со материјали од зградата / 11 август 2020 / Хонг Конг / Фото: EPA-EFE/ MANDATORY CREDIT: APPLE DAILY HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES/NO ARCHIVES
Фотографија која новинската агенција Епл Дејли ја сподели прикажува како полицијата вади кутии со материјали од зградата / 11 август 2020 / Хонг Конг / Фото: EPA-EFE/ MANDATORY CREDIT: APPLE DAILY HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES/NO ARCHIVES

Продемократското движење го осуди Законот како инструмент за задушување на на секое несогласување со централните власти во Пекинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот