Жителите на 11 Октомври револтирани: На местото на детско игралиште никнува зграда

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

На местото на детското игралиште во 11 Октомври, се гради зграда. Револтираните жители на оваа скопска населба преку писмо се обратија до редакцијата на „Слободен печат“, преку кое, како што велат, бараат правда за зеленилото.

Имено, според пишувањата на Бранко Петров, неодамна и сосема ненајавено започнало рушењето на игралиштето и сечењето на дрвата во паркот.

„Детското игралиште и парк се изградени после земјотресот, со помош од целиот свет, проектирани заедно со населбата, од најдобрите архитекти. И многу е важно да се нагласи дека целата населба и паркот со игралиштето се изградени со одземено земјиште, односно со експропријација, што значи платено им е на сите сопственици“, се вели во писмото на граѓани од 11 Октомври.

Но, со ваквиот став не се согласува општина Кисела Вода. Советничката за просторно и урбанистичко планирање Ивана Зафировски, во изјава за „Слободен печат“ тврди се работи за приватно земјиште кое е денационализирано во 2018 година, и за истата парцела има одобрение со ДУП-от донесен уште во 2014 година.

– Мораме да постапуваме согласно ДУП-от кој е донесен во јуни 2014 година. Доколку би се менувал, согласно Законот и правните процедури, претходно стекнатото право не смее да се пренаменува – објаснува Зафировски и додава дека општината морала да даде одобрение за градба.

Ивана Зафировски- советник за урбанизам во Општина Кисела Вода

– Ние како општина мораме да дадеме одобрение за градба, ако претходно има одобрение од Деталниот урбанистички план. Одобрението го дадовме на 02.11.2019 година – вели Зафировски.

Граѓаните кои што ги затекнавме во населбата се револтирани што во нивна непосредна близина ќе никне зграда висока шест ката плус поткровје.

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

– Подземната инсталација, водоводот и канализацијата нема да биде во можност да го покрие притисокот од новите приклучоци, канализационите цевки се многу мали, за на нив да се приклучат новите 105 домаќинства, колку што ќе има во зградата – ни рече една жителка на 11 Октомври која што ја затекнавме во близина на местото каде што се гради зграда.

Зошто претходна локална власт во ДУП-от ја впишала оваа зграда ја прашавме советничката за урбанизам, која што ни објасни дека тоа е во согласност со препораките од планерска куќа, која што според сите истражувања посочила дека на таа парцела е можно да се изгради седумкатница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот